X
 21.09.2017 Технологија

Колку чини изработката на „iPhone X“?

ajfon
Фото: Getty

„Епл“ пред неколку дена го пушти во продажба најскапиот паметен телефон на пазарот - „iPhone Х“, чија цена изнесува 1.000 долари, а сега е откриено и колку всушност чини неговата изработка.

Станува збор за цифра од 412,75 американски долари. Најскапата компонента на телефонот е OLED-екранот, кој „Епл“ го чини 80 долари, а потоа NAND-меморијата од 45 долари и А11 чиповите од 26 долари.

„iPhone X“ во Америка ќе може да се нарача од 27 октомври, а испораката ќе започне на 3 ноември. Моделот од 64 гигабајти чини 1.000 долари, а моделот од 256 гигабајти ќе чини 1.149 долари.

Иако многу луѓе ќе се согласат дека сумата е преголема за мобилен телефон, голем број љубители на производите на „Епл“ ќе пронајдат начин да си го овозможат овој паметен телефон, кој многумина на шега го нарекуваат „iPhone X(pensive).
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија