На храната нема секогаш етикети на кои се напишани состојките, но доколку имате алергии, тогаш тоа навистина би било корисно. Истражувачите од универзитетот МИТ се обиделе да направат можност со „Pic2Recipe“, систем базиран на вештачка интелигенција дизајниран за да одбере состојки и рецепт само преку фотографија.
Брашно, путер, шеќер
Истражувачите користеле веб-страници за храна и рецепти и креирале огромна дата-база од 800.000 слики и повеќе од 1 милион рецепти. Потоа создале мрежа која ги поврзува рецептите, нивните фотографии и листи со состојки. Откако ќе се здобие со податоци, „Pic2Recipe“ може да погледне фотографија од колачиња и успешно да именува 8 од вкупно 11 состојки.
Фотографирањето на храната станува корисно
Како што напредуваат ваквите системи, така можностите стануваат сè поголеми. Ќе може да се идентификуваат состојки кои предизвикуваат алергии, да се дознава хранливата вредност на состојките, да го дознаете рецептот, и тоа само преку една фотографија. „
Pic2Recipe“ е во рана фаза во моментов, но истражувачите работат напорно за да ги остварат сите потенцијали и можности што поскоро.