Каналот на „Јутјуб“ - „AsapSCIENCE“ открива што сè од храна и пијалак може да нè убие. Првото видео е објавено во 2015 година, а сега е објавено уште едно видео базирано на научни истражувања.
Количината калиум што може да нè убие ја има во 480 банани. Потребни се 11.000 портокали за предозирање со витамин Ц, што може да биде кобно. Потребни се 6 литри вода за кратко време да се препиеме вода и да умреме. Мистрицин, хемиската супстанција што ја има во мускатното оревче, е психоактивна супстанција што може да предизвика конвулзија, палпитации, мачнина и смрт. Сето тоа ќе се случи ако изедете две лажички од овој зачин.
Доколку е изложен на сонце, компирот може да позелени. Зелената боја настанува поради хлорофилот, кој не е токсичен. Но зелената боја кажува дека е присутен и соланин од кој луѓето можат да се разболат. Еден зелен компир може да му наштети на организмот, а 25 можат да го убијат.
Ако сте голтнале коска од цреша, нема место за паника. Но видеото подолу вели дека се потребни две коски за да нè убијат. Некои податоци велат дека се потребни десет.
85 чоколади или 70 шолји кафе може да
убијат личност од 70 килограми. Истото може да се случи ако одеднаш изедете 2,1 кг шеќер или 13 жестоки пијалаци, 29 мали лажички папрат и 48 мали лажички зачин.