„Чет ГПТ“, системот кој го разбира природниот јазик и умее да одговара на разни прашања на разбирлив начин, стана популарен веднаш по неговото пуштање, пред помалку од три месеци. Многумина се прашуваат какви промени ќе донесе овој софтвер, а во меѓувреме повеќе технолошки компании најавија слични софтвери.
Ноам Чомски, филозоф и автор, во ново интервју открива што мисли за ваквите софтвери и нивното влијание врз образованието.
- Со години се правеа програми кои им помагаа на професорите да ги откријат плагијатите. Сега тоа ќе биде многу потешко бидејќи е полесно да се мами. Тоа е единствениот придонес кон образованието на кој може да се сетам - изјавил тој.
Според него, користењето на софтверот во образованието е високотехнолошки плагијаризам и начин да се одбегне учењето. Тој ја споредува популарноста на „Чет ГПТ“ со онаа на смартфонот велејќи дека би требало да се забранат телефоните за часовите да бидат интересни.
Како што вели тој, користењето на технологијата за да се одбегне учењето е знак дека образовниот систем е неуспешен.
- Ако не ги привлекува учениците, не им е интересен, не ги предизвикува, не прави тие да сакаат да учат, тие ќе најдат начин да го одбегнат - изјавил тој.
Извор:
Open culture
Насловна фотографија:
Wikipedia