X
 05.10.2020 Наука

Кратка историја на канибализмот

Европејците што живееле во 15 век верувале дека пронашле чудесен лек за епилепсија, крвавење, модринки, гадење и секакво друго заболување. Тоа бил кафеав прав познат како „мумија“ и бил направен со мелење на мумифицирано човечко месо. Но, колку е чест човечкиот канибализам и кои култури го практикуваат?

Бил Шат ја истражува историјата на канибализмот во видеото дадено подолу. Во него се открива дека низ историјата постоеле култури што ги користеле крвта и одредени органи на човекот како лекови, а има записи за ритуали во кои луѓето јаделе делови од телото на починати лица. Сепак, сите овие записи не се докажани и не се доволни за да се потврди дека одредени култури практикувале канибализам.



Извор: ted.com
Насловна фотографија: ted.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука