X
 16.08.2017 Култура

Осуден на 20 часа читање поради нечитлива регистaрска ознака


Книга, фломастер и очила
(Фото: Pixabay)


Судот во Минхен на дваесетгодишно момче му досуди казна од 20 часа читање затоа што возело мотоцикл со нечитлива регистарска ознака.

Нечитливата табличка на мотоциклот двапати им „паднала в очи“ на властите, и токму тој факт го истакнал судијата при изрекувањето на пресудата.

Момчето ништо не научило од првото предупредување, па затоа сега ќе мора да земе обука за читање, оцени судијата.

Казната треба да ја одработи на Универзитетот за применети науки во Минхен каде што заедно со другите лица што добиле слични казни може слободно да ги избере насловите на книгите што го интересираат.

По одработувањето на часовите по читање момчето е задолжено да состави конечен извештај, но судот е доста флексибилен по тоа прашање затоа што му дозволува самиот да си избере израз кој најдобро му „лежи“. Така тој може да напише кратка приказна, да изработи постер или да рапува.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура