X
 16.08.2017 Култура

Случајот „Слендермен“ - Не верувајте во сѐ што ќе прочитате онлајн!

слендермен

Во време кога Стив Бенон, серверите за е-пошта, климатските промени, верското изразување, гласачите (за претседател/Оскар) се еднакво застрашувачки и недоверливи во зависност од тоа кого ќе прашате, можеби најверодостојна приказна е онаа за две млади девојки што премногу им веруваа на приказните што ги читаа онлајн.

„Знам што ми кажа интернетот“ - Ова се зборовите на Аниса Вејер која, кога имала 12 години, во 2014 година, заедно со нејзината пријателка Морган Гејсер дејствувале како „посредници“ за интернет урбана легенда и се обиделе да ја убијат нивната пријателка Пејтон Лутнер, прободувајќи ја 19 пати со нож.

Девојките тврделе дека морале да ја жртвуваат „Бела“ (така ја нарекувале Пејтон) за да го спречат чудовиштето да не ги убие нивните семејства. Тие ја оставиле Пејтон сериозно повредена близу домот на Морган во Висконсин. Пејтон успеала да стигне до патот и да побара помош, а Морган и Аниса се упатиле кон националната шума Николет каде што требало да се сретнат со Слендермен.

Документарецот на Ејч-би-о, „Beware the Slenderman“, го анализира мемето токму на оваа урбана легенда. Филмот го открива потеклото на овој лик, од „Фотошоп“ натпревар од 2009 година на веб-страницата „CreepyPasta“, а го наоѓа и во „Minecraft“ видео каде што го открила и самата Аниса. Самиот документарец кажува дека концептот на аутсајдерска фигура да привлече деца не е нов. Постои брилијантна сцена од филмот која го прикажува бизарниот магнетизам што ги влече децата кон Слендермен.


„Тој е насекаде“, му рекла Морган на полицискиот детектив. Двете девојки се обвинуваат една со друга за организирање на планот. Морган била таа што го употребила ножот, но со охрабрување на Аниса. Но за време на сведочењето на Аниса, таа се оддалечува од нападот. Таа им вели на детективите дека повеќе не верува во „Слендер“. „Претходно верував. Сега знам дека тоа се само тинејџери кои сакаат да ги заплашат луѓето и ги тераат да веруваат во лажни работи“, вели таа.

Прашањето на кое гледачите сакаат да добијат одговор е колку се виновни овие млади луѓе што веруваат така лесно. Она што тие го направиле е ужасно, но биле само деца кои лесно потпаѓаат под влијание и лесно може да им се испере мозокот. Дали интернетот треба да преземе дел од вината?

Родителите - и на Аниса, и на Морган, и на Пејтон, се оние што се најмногу потресени од ефектот што го имал интернетот врз овие девојки. Во филмот, таткото на Аниса ги опишува границите и надзорот што тој го спроведувал во компјутерот на неговата ќерка. Тој се прашува како може да го заштити својот помал син од училница преполна со ајпади. Дали технологијата е таа што треба да се обвини или пристапот на децата до неа или желбата на децата да веруваат и да се поврзат?

Поради аспектот на предумисла на кривичното дело, судот одлучил на Морган и Аниса да им биде судено како на возрасни, а не како на малолетници. Документарецот раскажува и за нивната правна заштита да ја поништи оваа одлука - ако им биде судено како возрасни, може да се соочат со 45 години затвор и дијагноза на шизофренија на Морган. Режисерот ја остава конечната пресуда за самиот гледач да одлучи дали едната или двете девојки заслужуваат казна.

Илјадници, ако не и милиони луѓе прочитале или ги виделе сликите од Слендермен пред Аниса и Морган, но никој од нив не бил мотивиран да се однесува на ист начин како девојките. Исто како сликите, филмовите и песните, кога ќе сретнете нешто страшно, вие ја имате моќта да одлучите како тоа ќе влијае врз вас. За Морган и Аниса било шанса да се импресионираат една со друга и едно страшно суштество, па затоа одлучиле да инвестираат сè од што се плашеле во нешто што остатокот од светот го отфрлил како мит.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура