X
 10.03.2017 Култура

Музиката во филмовите на Квентин Тарантино

tarantino

Тарантино можеби е музички подобро поткован, меѓутоа нема направено толкав број на филмови како Скорсезе. Сепак, доколку сте обожавател на „Pulp Fiction“, во вашата колекција на музика може да се најде и саундтракот од овој филм. Исто како што Тарантино ја реанимирал кариерата на Џон Траволта, тој успеа мрачната турско-арапско-египетска мелодија наречена „Misirlou“ да ја претвори во звук на 80-те.

Пред тоа, „Reservoir Dogs“ ги искористи „Litlle Green Bag“ и „Stuck in the Middle with you“ за подобар и поголем ефект.

И после тоа можеше да се забележи брилијантноста на изборот на музика - „WooHoo“, „Battle without Honor or Humanity“, „Cat People“ итн.

Во подоцнежните филмови, тој повеќе стана куратор на делата на Енио Мориконе и други композитори за филмовите кои ги сакаше, а помалку се насочуваше кон поп композиции - меѓутоа во тоа време и неговите филмови станаа помрачни и подлабоки.

„Секогаш сум во потрага на кул песни кои би можел да ги користам како големо парче. Ќе завршам со работата и ќе пуштам некоја песна која буквално можам да ја видам на екранот. Можам да се проектирам себеси во филмскиот театар  како ја гледам сцената и како ја слушам музиката и ја замислувам публиката. Тоа ме потсетува дека јас сум тој кој го прави филмот“, изјави тој во едно интервју за магазинот „Билборд“.

„Денес лесно е да се добијат правата бидејќи користам музика која некои луѓе не ја слушнале претходно. После премиерата на мојот филм се чини како секој да ја купува. Приходот на песната се зголемува два до три пати само поради изложеноста од моите филмови“, додава тој.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура