Фото: Channel 4
12-годишен натпреварувач на британското шоу „Деца гении“ ја воодушеви публиката одговарајќи точно ги сите прашања што му биле поставени на квизот.
Рахул од Барнет, северен Лондон, го импресионира водителот Ричард Осман одговарајќи на прашања како: „Кое е научното име за кајсија?“
Рахул има 162 IQ, со што може да стане член на Менса.
Тој исто така доби највисоки оцени на тестот за спелување, додека во рундата за меморија дал одговор на 14 од 15 прашања, немал време да го одговори последното, и добил највисоки поени од сите натпреварувачи.
Таткото на Рахул, ИТ-менаџерот Мениш, вели: „Како споредба, Рахул е паметен колку Алберт Ајнштајн или Стивен Хокинг“.
Рахул вели дека неговиот омилен јазик е латински, а себеси се смета за гениј.
„Добар сум по ментална математика, општо знаење и лесно ми е да запомнам многу работи“, вели тој.