X
 22.04.2017 Живот

Познатиот педијатар Комаровски: „Еве зошто вашето дете не ве почитува!“

Денешните деца дефинитивно не знаат да го покажат истото ниво на почит кон своите родители - барем не онака како што нашите генерации мораа да покажуваат на своите родители, а за генерациите пред нас и да не зборуваме. Тоа е воедно и еден важен показател каде се движиме како општество - отуѓени од нашите деца, а наводно се грижиме повеќе од било кога.

Но, дека сето тоа не е така докажа и познатиот педијатар Комаровски. Имено, родители на 7 годишно дете побарале совет од него: „Нашиот постар син кој има 7 години често со нас се однесува безобразно, без почит, на својот татко му одговара и се однесува грубо. Ве молам, кажете ни што да правиме, како да го промениме?“

Комаровски кратко им одговорил:

„Ако сакате вашиот син повеќе да го почитува неговиот татко, ова нема да го добиете во теорија. Можете него да му кажувате што сакате, но додека вашиот син не се соживее со ситуацијата во која неговиот татко знае повеќе отколку тој сам, во која неговиот татко може да направи повеќе, подобро, во ситуација во која ќе ја покаже својата интелигенција, својата машкост, детето никогаш нема да научи да го цени својот татко. И тоа никогаш нема да го направи ако татко му не биде покрај него.

Модерните татковци работат многу и имаат малку време за своите деца бидејќи заработуваат, но детето уште не може да го сфати тој концепт бидејќи реално уште не знае ништо за вистинскиот живот. Ништо што го научил таткото. Никакво почитување кое таткото го всадил во своето дете. Бидејќи почитувањето не се учи со зборови, тоа се заработува со дела“.

Автор: Евгениј Комаровски
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот