X
 17.08.2017 Наука

Дали е безбедно да гледате директно во затемнувањето на Сонцето?

гледање
Фото: Getty Images

На 21 август, 14 држави од Америка во период од две минути ќе искусат голема темнина поради затемнување на Сонцето. Делумно замрачување ќе се гледа и во делови на Јужна Америка, Африка, Европа и Азија.

Со ова затемнување повторно се наметнува прашањето дали со голо око и незаштитени може да гледаме директно во овој редок феномен?

НАСА советува да не гледате директно во затемнувањето. Иако еден поглед кон затемнувањето на Сонцето нема да ве остави слепи, НАСА објаснува дека дури и кога 99% од површината на Сонцето е покриена, тој 1% што излегува околу рабовите е доволен за да ги оштети конусните клетки во вашата ретина. Како што светлината и зрачењето го преплавуваат окото, мрежницата станува заглавена во еден вид сончев „шпорет“ што го уништува ткивото. И бидејќи ретината нема рецептори за болка, вашите очи нема како да ве предупредат да престанете.

Добрите вести за ентузијастите за астрономија се дека постојат начини за безбедно набљудување на затемнувањето на Сонцето. НАСА-очилата што ги блокираат зраците ќе спречат да дојде до оштетување на ретината, но други очила ја немаат оваа опција. Исто така, НАСА предлага да го гледате затемнувањето индиректно низ двоглед или телескоп опремен со специјални филтри.

Иако е безбедно да ѕирнете набрзина, во краткиот момент на целосно затемнување на Сонцето, доколку ова го направите во делумните фази - кога Месечината не го покрива целосно Сонцето, ризикот е поголем.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука