X
 24.12.2015 Наука

Најпребаруваното прашање на Google: Колку е 0:0?

нула

 

Eдно од најпребаруваните прашања на Google е колку е резултатот доколку нула се подели со нула.


Причината поради која ова прашање било едно од најчесто поставуваните во 2015 година е тоа што на интернет се проширила приказна за тоа што се случува кога виртуелниот асистент Сири, кога ќе ја прашате нулата да ја подели со нула.

„Замислете дека имате нула колачиња и ги споделувате еднакво меѓу нула пријатели. Колку колачиња добива секој човек? Очигледно е дека нема смисла. И „Cookie Monster“ е тажен што нема колачиња и ти си тажен, бидејќи немаш пријатели“, гласи нејзиниот одговор.

Бидејќи предизвика лавина реакции, голем број луѓе сакале да дознаат дали е возможно делењето на нула со нула, па со цел да го добијат одговорот, тие решиле да го пребараат на Google.

Проблемот со делењето на нула со нула е во тоа што резултатот не може да биде дефиниран. Не можеме да знаеме дали нулата содржи нула или една нула е точно една нула. Или повеќе нули?

Такашто, 0:0 нема дефинирано решение, бидејќи може да претставува било која вредност.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука