(
Фото: Wikimedia Commons)
Веќе поминаа триесет години од првото појавување на Кристијан Бејл на екранот, но тешко кој би го познал момчето кое во 1987 година играше во филмот „Мио во далечната земја“ (Mio in the land of Faraway).
Времето го трансформира од добро момче-актер во оскаровец исклучително посветен на својата работа. Во медиумите најчесто го опишуваат како сестран и талентиран актер, за што зборуваат и многубројните филмски награди.
Ги издвојуваме неговите десет најзначајни улоги:
1. „Царството на сонцето“ (Empire of the Sun, 1987)
Улогата на Џим Грејам во познатиот филм на Стивен Спилберг останува една од најдобрите снимени изведби на детски актер на сите времиња. За овој настап добил признание од филмската критика, вклучително и награда од Националниот одбор за филмска рецензија за најдобар настап на млад актер.
2. „Во 3:10 за Јума“ (3:10 to Yuma, 2007)
Во римејкот на филмот од 1957 година, Бејл ја игра улогата на Ден Еванс, едноног ветеран-фармер. Неговиот физички инвалидитет е манифестација на рана што ја носи во себе, но неговиот очаен (но никогаш неурамнотежен) настап го покажува неговиот актерски талент.
3. „Облог на векот“ (The big short, 2015)
За да влезе во улогата на Мајкл Бери, морал да излезе од својата природна состојба и да се трансформира во социјално неприспособен финансиски гениј. Неговиот лик страда од Аспергеров синдром што претставува едно од неколкуте нарушувања од аутистичкиот спектар, а го карактеризираат тешкотии во социјалната интеракција и ограничени интереси и активности. За оваа улога беше номиниран за „Оскар“ во категоријата најдобар актер во споредна улога.
4. Трилогијата „Темниот витез“ (The Dark Knight, 2005 – 2012)
„Темниот витез“ стана еден од критички најдобро прифатените филмови за суперхерои.
За улогата на Бетмен морал драматично да се здебели, со оглед на тоа што претходно сè на сè имал 55 килограми. За шест месеци успеал да додаде 45 килограми, а со својата глума успеал да ги придобие симпатиите на фановите. Најтешко му било да го поднесе костимот, „се лепите за него, топло ви е, се потите, имате главоболка од маската... но нема да се жалам поради тоа бидејќи го играм Бетмен“.
5. „Престиж“ (The Prestige, 2006)
Филмот, комплет сосе актерската екипа, доби одлични критики. Изведбата на Бејл е вистинска ужинка и благодарение на тоа, сцените со Хју Џекмен доаѓаат до израз. Магионичарот е во состојба да ја измами публиката само затоа што таа сака да биде измамена, а Бејл својата публика ја наведува не само да му верува на Алфред Борден туку и да навива за него наспроти здравиот разум и логиката – а тоа навистина е завиден трик.
6. „Бегство в зори“ (Rescue dawn, 2006)
Зборуваме за вистинска предаденост на работата – за оваа улога, сите опасни сцени ги одработи сам, без каскадер. На пример, Бејл инсистирал да јаде вистински црви. Филмот е оценет како најуверлив и вреден за восхит, а изведбата – за најкомплексна и неверојатна.
7. „Американска измама“ (American hustle, 2013)
Улогата на Ирвинг Розенфелд му донесе номинација за престижна награда и признание. Ова е четврти пат да биде принуден на трансформација заради улогата – додал 20 килограми, ја избричил главата и морал да изгледа понизок, што му донело повреда на ’рбетот. Се зборува дека Роберт де Ниро не го препознал на сетот, дури и кога се ракувале, па морале двапати да го сторат тоа.
8. „Машинист“ (The Machinist, 2004)
Овој психолошки трилер го поставува прашањето каде е границата помеѓу предаденоста на работата и опасноста. За да постигне скелетен изглед, Бејл се лишил од нормален сон на подолг период и се хранел исклучиво со кафе, вода и јаболка. За неколку месеци стигнал до тежина од 55 килограми. Можеби ова не е неговата најдобра улога, но секако е најимпресивна.
9. „Боксерот“ (The Fighter, 2010)
Уште една трансформација што му донесе и „Оскар“ за улогата на Дики Екланд. Покрај губитокот на тежината за да се приспособи на улогата на боксер и долгогодишен зависник од крек, морал да ги научи бостонскиот акцент и шеретскиот маниризам. Бејл практично ги проучувал снимените разговори на Дики Екланд за да можел да ги долови сите нијанси на оваа улога.
10. „Американски психопат“ (American psycho, 2000)
Серискиот убиец Бејтман веројатно не би добил толку фанови да не беше Бејловиот бескомпромисен и шокирачки генијален пристап. Многумина го предупредиле дека оваа улога би можела да му биде самоубиствен чекор во кариерата, што било дополнителен предизвик да ја прифати. Ја проучувал психата на својот лик од романот врз кој е засновано дејството, дури се дистанцирал од колегите и од екипата за да ја задржи мрачната страна на Патрик Бејтман.