X
 20.03.2018 Издвојуваме

Награда „Гласник на невидливите“ за новинарките на Факултети.мк, Милена Атанасоска-Манасиева и Сребра Ѓорѓијевска




Новинарките на Факултети.мк, Милена Атанасоска-Манасиева и Сребра Ѓорѓијевска добија награда „Гласник на невидливите“ 2018, за сторијата за децата од кумановско Бајловце. Приказната за 14 основци од планинското село Бајловце што немаат чиста вода за пиење, тоалет, ниту надгледни средства за нормална настава, а неколку од нив живеат во толку оддалечени куќи, што секој ден пешачат по неколку километри за да стигнат до патот од каде што ги зема возило и ги носи до училиштето, беше најчитаниот текст на Факултети.мк во измината година.

Репортажата за Бајловце беше прочитана повеќе од 100.000 пати, а ја споделија и пренесоа многу медиуми.

Наградата „Гласник на невидливите“ за првпат годинава се доделува на новинари кои обработуваат социјални теми, новинарски стории поврзани со сиромаштијата и социјалната исклученост. Жирито составено од лица кои самите ја искусиле сиромаштијата и тешкиот живот одлучи да награди пет новинарски стории.
Признанија добија и Александар Манасиев и Мирко Трајановски од „Види Вака“, Маја Јовановска од Investigative Reporting Lab Macedonia, како и новинарите Славица Филиповска и Хекуран Акифи од емисијата „360 степени“.
Наградите ги додели Македонската платформа за сиромаштија како дел од проектот „Journalism-prize goes international“. Инициран е од Австриската платформа против сиромаштијата, а го финансираат ЕРСТЕ Фондацијата и Европската мрежа против сиромаштија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Издвојуваме