X
 08.09.2016 Култура

Ако имаш сон мораш да го заштитиш!

Помина скоро една деценија од објавувањето на филмот “Потрага по среќа (“The Pursuit of Happyness“), а се'уште тоа е толку инспиративен филм што не се заборава лесно. Филмот ја драматизира вистинската приказна на Крис Гарднер, неговотo неверојатно патување од бездомник до успешен човек како брокер, додека го одглeдува својот син како самохран татко.


Филмот исто така испраќа многу едноставна порака: “Никогаш не се откажувај“. Исфрлени од својот дом и доживувајќи финансиски потешкотии, дуото татко-син се соочува со многу борби секој ден. Сепак малите моменти на среќа што тие ја наоѓаат наспроти сите случувања, дава прекрасен заплет на овој филм.
 


цитати од филмот Потрага по среќа

Ова се цитати  кои ќе ве натераат да размислите за животот и сигурно ќе ве инспирираат да погледнете на животот од друга обновена перспектива:

“Не дозволувај никогаш некој да ти каже дека нешто не можеш да направиш. Дури ни мене. Имаш сон, ти мора да го заштитиш. Кога луѓето не можат да направат нешто за себеси, тие тебе ќе ти кажуваат дека ни ти не можеш. Сакаш нешто, се стремиш да го постигнеш. Точка“.

“Чекори по патот и оди напред цело време. Немој само да разговараш и разгораваш за тоа, чекори и оди напред. Чекорењето не мора да биде со големи стапки, бебешките чекори исто така се сметаат за важни. Оди напред“.

“Нејзината тишина ја спречува неговата бура“.  

“Се`уште сонувач, а сепак повеќе реален од кога и да било. Знаев дека ова беше мое време да испловам. На хоризонтот јас видов блескава иднина, како порано. Сега разликата беше дека го почувствував ветерот зад мојот грб. Бев подготвен“.

“Светот е твојата острига школка. До тебе е да ги најдеш бисерите“.

“Богатство исто така може да биде ставот на благодарност, со кој треба да се потсетуваме себеси секојден да ги броиме нашите благослови“.

“Овој дел од мојот живот.... овој дел токму овде. Ова се нарекува среќа.“

“Јас не сум што ми се случило мене. Јас сум она што избирам да бидам“.

“Постоеше човек што се даваше, и брод што дојде, а човекот на бродот рече: Дали ти треба помош?, а човекот рече Бог ќе ми помогне. Потоа друг брод дојде и тој човек се обиде да му помогне на оној што се давеше, но тој повторно одговорил Бог ќе ме спаси, потоа тој се удавил и отишол во рајот. Потоа човекот му кажал на Бог, Господе зошто не мс спаси? а Бог на тоа рекол: Ти испратив два брода за да те спасат“.

“Што ќе кажеш кога човек ќе помине покрај тебе без кошула и јас го вработам него? Што ке кажеш? - Тој има многу убави пантолони“.

“Веројатно значи дека постојат добри шанси. Можно значи дека можеме или не можеме“.

“Можеби среќа е нешто што по кое можеме само да трагаме. И можеби нема да можеме никогаш да ја имаме, без оглед на се“.

“Ние сите треба да качуваме планини, знаеш. Планините некогаш се високи, а некогаш се длабоки и ниски. Да, знаеме дека овие планини се туку позади едрата. Ние пееме за нив“.

“Го запознав татко ми кога имав 28 години. Јас се одлучив дека кога јас ќе имам деца, моите деца ќе знаат кој им е татко“.

“Сега и одвреме навреме ние треба да направиме пауза од потрагата по среќа и само да одлучиме да бидеме среќни“

“Може да кажам нешто? Хм, јас сум тип на личност, што ако ме прашаш нешто и јас не го знам одговорот, јас ќе ти кажам дека не знам. Но се обложувам во нешто, знам како да го најдам одговорот и јас ќе го најдам тој одговор“.


Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура