X
 25.08.2017 Живот

Ужасната грешка што ја направи Велика Британија

грешка
Фото: Pixsell

Велика Британија по грешка испратила писма до граѓаните на Европската Унија во кои пишувало дека треба да ја напуштат земјата. Ова е навистина огромна грешка, особено во време кога се преговара за правата на граѓаните од земјите на ЕУ.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека истражува како на граѓаните од другите земји-членки на ЕУ им биле испратени околу 100 писма во кои се наведува дека според законот за имиграција, мора да ја напуштат земјата.

„По грешка се испратени голем број писма, па се обидуваме итно да утврдиме зошто се случило тоа. Се обидуваме да ги контактираме сите што добиле писмо за да им објасниме да ја игнорираат содржината на писмото“, вели портпаролот на министерството.

„Сакаме да бидеме јасни и да порачаме дека правата на граѓаните на ЕУ што живеат во Велика Британија остануваат непроменети“, додава портпаролот.

Иако Британија ветува дека ќе биде дарежлива кога станува збор за правата на граѓаните на ЕУ после Брегзитот, засега сè уште нема договор за тоа како ќе се заштитат нивните права.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот