X
 12.09.2017 Живот

Со казни за родителите до намалување на загадувањето на воздухот

Родителите во Велика Британија се соочуваат со рестрикции, па дури и парични казни, ако ги возат своите деца до училишните порти, како обид за намалување на загадувањето на воздухот.

фото извор: the Guardian

Како што започнува новата академска година, многумина спроведуваат закони за превенција при паркирање пред училишните порти. Портите се обезбедени со камери и мобилен мониторинг на возилата за да се набљудува дали се почитуваат правилата. Некои дури креирале и шеми за затворање на патиштата додека трае наставата. Во некои случаи родителите можат да се соочат со казна од 130 фунти ако возат во забранетите зони. Некои локални власти во земјата размислуваат и за казни за родителите што ги оставаат возилата запалени пред училиштата.

Ова се прави со цел да се намали хаосот кој се случува додека родителите ги носат своите деца на училиште. Покрај сообраќајниот метеж, емисијата на штетни гасови од автомобилите го зголемува загадувањето на воздухот. Целта е и да се креира побезбедна и поздрава средина за сите околу училиштата.

Камерите ги скенираат автомобилите што поминуваат низ зоните, па оние без дозвола за влез се соочуваат со парични казни. Дозволен е паркинг за посетители, стручни соработници и вработени во училиштето. Освен во Лондон, вакви мерки се преземени и во Единбург уште од 2015 година.

Организациите што се борат против аерозагадувањето ја оцениле оваа мерка како позитивен чекор во справувањето со загаденоста и заштитата на здравјето на децата.

Членовите на кампањите за поголемо користење велосипеди, пак, апелираат да се направат дополнителни инвестиции за развивање на велосипедизмот и пешачките патеки, како дополнителна мерка покрај паричните казни за родителите.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот