Њујорк е еден од најфреквентните градови во светот, а проблемот со паркирањето е сѐ поголем. Со премногу автомобили и малку паркинг-места, градот мораше да преземе чекори за решавање на проблемот.
На почетокот од годината градските власти одлучија да постават камери со вештачка интелигенција на автобусите, со што тие добија нова функција: освен што превезуваат патници, се и контролори за паркирање.
На прв поглед, ова изгледаше како многу ефикасен систем бидејќи автобусите, кои возат по градските линии, можеа да снимаат и да изрекуваат казни за возачите кои непрописно паркирале на места каде што било неопходно да се остави простор за автобусите. Но, за брзо време стана јасно дека оваа технологија и не е толку совршена како што се надевале властите.
Камерите по грешка регистрирале илјадници автомобили како паркирани таму каде што не требало да бидат. Според извештаите на „Ен-би-си Њујорк“, околу 3.800 казни биле издадени врз основа на снимките од камерата, од кои речиси 900 автомобили биле паркирани на легални места.
Многу возачи што добиле казни имале и докази, како што се слики, покажале дека не прекршиле никакви правила.
Проблемот настанал бидејќи камерите не биле правилно програмирани и не правеле разлика помеѓу вистински прекршоци и правилно паркирање. Дополнителен проблем бил тоа што немало човечка проверка пред да бидат изречени казните.
Управата за градски сообраќај во Њујорк брзо ја признала грешката и презела чекори за да ја поправи. Градот им ги вратил парите на оние што веќе платиле казни, ги укинал неправедно изречените казни и го решил техничкото прашање што ја предизвикало оваа грешка.
Сега властите работат на подобрување на софтверот.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Freepik