X
 06.05.2020 Живот

Пловечки острови во Копенхаген се новиот вид зелена јавна површина

Откриени се плановите за нов вид јавен простор во срцето на Копенхаген, наречени „паркипелаг“ пловечки острови. Зборот „паркипелаг“ е нешто помеѓу парк и архипелаг бидејќи паркот, кој е покриен со зеленило, е дистрибуиран на помали пловечки острови.

Наречени и копенхашки острови, планирано е да бидат лансирани уште три вакви вештачки острови оваа година.

Мобилни, пловечки и бесплатни за јавно користење, копенхашките острови беа создадени како начин да се ревитализираат заборавените делови на старото пристаниште во градот, при што ќе се воведе зелен простор за локалните жители, флората и фауната.

Идејата за „паркипелаг“ е соработка меѓу австралискиот архитект Маршал Блечер и данското дизајнерско студио „Фокстрот“.

1
Фото: marshallblecher

- Островите повторно ја воведуваат идејата за дивината и нудат постојано променлив зелен простор во центарот на градот. Исто така, проектот укажува на нов вид климатски отпорен урбанизам, флексибилен во неговата употреба, а користи само одржливи извори и рециклирани материјали - објаснуваат архитектите.

Островите ќе можат да се поврзат доколку е потребно тоа за одржување на некој настан или манифестација, а ќе можат да се одделат доколку е потребно за некој вид натпревар.


Извор: Bright Vibes
Фото: marshallblecher
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот