X
 04.03.2023 Политика

Копенхаген ќе тестира општинско собрание составено од граѓани

Копенхаген оваа година ќе воведе пробна иницијатива за создавање граѓански парламент кој ќе има 36 члена. Пратениците ќе бидат случајно одбрани за да го претставуваат населението на главниот град на Данска.

Целта на иницијативата, која ќе биде имплементирана во 2023 и 2024 година, ќе биде да се добие демократски процес на локална власт што ги зема предвид мислењата на жителите во реално време наместо да се чекаат четири години за избори.

Во Копенхаген веќе има граѓански собранија кои гласаат за теми на ниво на населби. Властите сега ќе создадат поголема ваква структура во која на жителите ќе им се овозможи да предлагаат и да дискутираат за работи што го засегаат целиот град.

Одбраните пратеници ќе поминуваат околу 35 часа во годината во учество на сесии во граѓанското собрание. На сесиите тие ќе ги слушаат плановите за урбаниот развој и потоа ќе дебатираат за да создадат препораки за одбраните политичари. Политичарите треба да ги земаат предвид овие препораки кога ќе донесуваат законски измени.

Извор: The mayor
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика