X
 05.09.2017 Култура

Најубава земја во светот е...

шкотска
Фото: Shutterstock

Читателите на „Раф гајд“ ја изгласаа Шкотска за најубава земја во светот. Шкотска се најде на првото место од вкупно 20 земји, а веднаш зад неа е Канада.

На листата се и Нов Зеланд, Финска, Норвешка и Јужна Африка, а како што пишува во прирачникот: „И конечно, најубавата земја во светот е Шкотска. Кој би можел да негира дека овие диви плажи, длабоки езера и карпести замоци се најубавите места во светот?“

Англија се најде на 7. место, додека Велс на 10. место.

Малколм Ругхед, главен извршен директор на „Посети ја Шкотска“, верува дека титулата ќе привлече повеќе туристи во Шкотска.

„Среќни сме што Шкотска го добива ова извонредно признание од читателите на „Раф гајд“, но ова не е изненадување за оној што ја посетил нашата прекрасна земја. Од прекрасни плажи до извонредни историски атракции, но и убави урбанистички центри, Шкотска им го одзема здивот на туристите“, вели тој.

„Секако, со големата убавина доаѓа и голема одговорност, па затоа ги повикуваме посетителите и жителите да ги почитуваат природните богатства на Шкотска за да ги заштитат и да ги зачуваат за генерациите што доаѓаат“, завршува тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура