Ако сте ја гледале српската серија „Курсаџии“, знаете за каква серија и за каков хумор станува збор. До пред неколку дена оваа серија од Србија немаше ниту една позитивна или негативна оцена на IMDb, а ако денес на пребарувачот на IMDb напишете „Курсаџии“, ќе видите дека повеќе од 15.000 луѓе ја оцениле серијата со највисока оцена.
Причината за тоа е Марио Вреќо, српски јутјубер кој не ја поднесува „Курсаџии“, но одлучил да направи експеримент и да ги повика неговите следбеници да одат на IMDb и да дадат десетка за „Курсаџии“. Вреќо снимил и инстаграм-видео и одлучи да натера од 10.000 до 45.000 негови следбеници да помогнат во мисијата.
Тој се потрудил и околу визуелниот идентитет на „Курсаџии“ на IMDb. На запуштената страница на „Курсаџии“ додаде фотографии, опис, но и своето име меѓу актерите од серијата.
Српскиот јутјубер неколку дена чекаше неговите следбеници да го подигнат рејтингот на „Курсаџии“ на IMDb, а целиот процес го сними за „Јутјуб“. Резултатот брзо дојде. Повеќе од 15.000 луѓе дадоа десетка за серијата, но тоа не е сѐ. Се појавија и повеќе од 450 коментари за серијата.
Фото: Screenshot/IMDB
Сепак, IMDб не ја вклучи серијата меѓу најдобрите на сите времиња, како што се надеваше Вреќо. Но, ако погледнете во пребарувања за серии кои имаат оцена повисока од 9,9 со повеќе од 10.000 гласа, „Курсаџии“ се појавува на второто место.
Фото: Screenshot/YouTube | Index.hr