X
 20.11.2015 Култура

Како ќе изгледа новиот велосипедски мост во Копенхаген?

Поголемиот дел од пешачката и велосипедската инфраструктура во Копенхаген за нас се чини доста луда, меѓутоа „Copenhagen Gate“ е нешто што досега не сте го виделе.

 

1


Овој пешачки мост ќе се протега од влезот на сидриштето до градското пристаниште, помеѓу два облакодери и ќе биде околу 64 метри висок.

Дизајниран од архитектот Стивен Хол во 2008 година, мостот штотуку оживеа после економските проблеми кои го одложија. Изградбата на мостот започнува во 2016 година и вклучува две нови кули кои дејствуваат како поддршка на мостот.

 

3


Дизајнот можеби се чини малку луд и непрактичен (постојат лифтови во секоја зграда за дестинациите на пешаците и велосипедистите), но тоа е резлутат на бирократијата и прописите. Според Микаел Колвил-Андерсен од блогот „Copenhagenize“, ниту еден дом во Копенхаген не смее да биде повеќе од 500 метри оддалечен од јавниот превоз. Моментално стигнувањето од една страна до другата страна на градот е околу 2.2 километри по заобиколен пат, со што новоизградените домови од оваа област не се во опсег од 500 метри.

 

3

4


Тоа ја објаснува потребата за мост, но зошто толку висок? Затоа што на бродовите им е потребно да влегуваат и излегуваат од пристаништето. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура