Фото: Getty Images
Maгливите патишта, замоци и средновековни тврдини на Трансилванија се совршена сцена за некои од најмрачните легенди во Европа, од кои најпозната е онаа за грофот Дракула.
Иако Брам Стокер никогаш не ја посетил Трансилванија, тој ја засновал неговата книга за вампири на Влад Тепеш, историски владетел кој се борел против напаѓањето на Турците. Тој бил син на Влад Дракул од Домот на Дракулести и бил совршениот лик за неговиот роман.
Иако Дракула на Стокер бил измислен лик, темните духови низ историјата одамна постоеле во источно-европскиот фолклор, а честа била употребата на лук за одбрана од нив.
Уште од порано, лукот се сметал за заштитник на луѓето и домовите од зли духови и лекување на болести како настинки и кашлици.
Меѓутоа, надвор од фолклорот, лукот е нешто неопходно за секое романско јадење.
„Едноставно ништо не е исто без додавање на лукот“, вели Александру Павелеску, од Романија.
Тој се смета за незаменлив во било каква храна, и отсекогаш бил раширен во Романија. Во селото Копалау во округот Ботосани, 40 отсто од локалното население го обработува ова ароматично растение. Копалау е познато по квалитетот на почвата, и се здоби со слава на национално и меѓународно ниво - толку што властите на округот се подготвуваат да го регистрираат како производ со заштитена географска ознака.
Во домовите, лукот се користи за многуте видови супи што содржат зеленчук и месо.
Освен што е суштинска состојка во романската кујна, лукот долго време се смета за магично растение. Вечерта на Св.Андреј (светец-заштитник на Романија) што се слави на 29 ноември, се верува дека лукот ќе ве заштити од злите духови на починатите луѓе што ги прогонуваат семејствата. Еден вид на романска Ноќ на вештерките кога жителите на руралните средини јадат лук и го ставаат на аглите од прозорците и вратите за да се заштитат себеси.
Фото: Alamy
„Бидејќи има исцелително својство, на лукот му се дадени дополнителни симболични атрибути како ритуално растение што носи апотопаична улога на заштита“, вели Ана Луга, етнолог во романскиот селски музеј.
И не запира тука. Во Романија, лукот се смета за помоќен (природен) лек од повеќето антибиотици поради соединението наречено алицин што има слични карактеристики како пеницилинот.
„Традицијата и фолклорот се длабоко вкоренети во романската култура во синкретизам што е постаро дури и од христијанството. Сите важни транзиции во животот се придружени од група на ритуали - лукот е лајтмотивот позади нив“, вели Габриела Соломон, ко-основач на „Мојата тајна Романија“.
Во согласност со ова национално уверување дека лукот има чудесни моќи, Фестивалот на лукот, што се одржува секој септември, на преминот Тихуца во планините Бјаргау, се одбележува важноста на ова растение така што се приготвуваат јадења со лук.
Без разлика дали постојат вампири во
Романија, лукот дефинитивно постои и во нивната храна, лековите и античкиот фолклор.