Науката постои да ги подобри и поедностави животите на луѓето на земјата. Но, таа е и многу моќна алатка која може да стане и опасна особено кога се вмешува политиката.
Следната листа во никој случај не е исцрпна, но дава место да се започне да се размислува за сериозните одговорности кои доаѓаат со науката.
Проектот MKUltra
Овој неславен проект бил обид на ЦИА за совладување на контролата на умот и започнал во 1950тите. На луѓето врз кој се правел експериментот им биле давани халуциногени дроги како ЛСД, а биле мачени и со хипноза, сексуална злоупотреба, како и друг вид на психолошка тортука, додека некои тестови се покажале смртоносни. Целта била да се созаде сустанца за контролирање на умот за борба против Советскиот Сојуз.
Чума како оружје
Последната чума уби околу половина од европското население во 13 и 14 век. Во 1980тите Советскиот Сојуз имале истражувачка програма за тоа како да ја користат чумата како оружје за непријателите да бидат уништени со ракетни боеви глави. Во оваа програма биле планирани стотици тони на снтракс и тони на големи сипаници.
Експериментот за сифилис
Од 1932 до 1972 една владина „студија“ одбила третман на сифилис на 399 Афро-Американски пациенти во Алабама, дури и откако пеницилинот е откриен како лек за болеста. На пациентите не им било кажано дека ја имаат болеста и им биле давани плацебо лекови. Целта била да се следи природниот тек на сифилисот ако не се лекува. 28 луѓе умреле од сифилис, а 100 од компликации поврзани со болеста.
Супердлабокиот бунар на Кола
Еден експеримент на Советскиот Сојуз започнал во 1970, во кој требало да се копа колку што е можно повеќе во кората на земјата. До 1994 ископана е дупка од 12 километри на полуостровот Кола во Русија. Биле пронајдени антички микроскопски фосили од 24 видови. Додека ништо лошо не се случило, постоеле загрижувања дека вакво дупчење може да предизвика неочекувани сеизмички ефекти како пукање на планетата. Дупката моментално е затворена.
Студијата Гватемала СПБ
Овој грозен експеримент е уште еден пример за владата на САД како прави штети во име на „науката“. Од 1945 до 1956 околу 1500 Гватемалци биле заразени со сексуално преносливи болести намерно, вклучително сифилис и гонореја. Биле вклучени деца без родители, затвореници, проститутки, и воени регрутери со заразени проститиутки, инекции и други методи.
Одделение 731
Одделение 731 била таинствена единица на јапонската армија која вршела ужасни
експерименти врз луѓето за време на Втората светска војна.Под команда на генералот Широ Иши бил правен експеримент врз 250.000 мажи, жени и деца, а повеќето од жртвите биле од Кина, заедно со затвореници од Русија и сојузниците.
Присилните медицински процедури вклучувале сечење на отвори без анестезија, непотребна ампутација на екстремитети, отстранување на орган или дел од мозокот, црниот дроб, белите дробови и други. Жртвите биле и подложени на биолошко оружје, смрзнување, присилна бременост и слично.