X
 07.09.2017 Живот

Тажната приказна на заборавениот Ким

1
Фото: АР

Тој е опуштениот постар брат на еден од најбруталните диктатори во светот.

Ким Јонг-чул е потивок, помалку политички мотивиран и се смета за понежен. Токму ова се причините зошто некои експерти велат дека неговиот татко никогаш не сметал дека ќе го замени во владеењето.

Трето од петте деца на Ким Јонг-ил, Ким Јонг-чул никогаш немал шанса за владеење наспроти неговиот помлад брат Ким Јонг-ун.

И додека шпекулациите велеа дека најстариот брат Ким Јонг-нам еден ден ќе го наследи неговиот татко, Јонг-чул никогаш не бил ни сериозно земен предвид за владетел.

Јонг-нам бил отруен под заговор дека станува збор за атентат, за кој Сеул тврди дека го организирале севернокорејски агенти.

Не само што тој бил пријателски настроен кон Кина туку и постојат шпекулации дека бил подготвен да владее во егзил, така што Пекинг повеќе го сакал отколку неговиот потврд брат диктатор.

2
Фото: News.com.au

Ким Јонг-ун не сака никаков вид закана или несогласување, што е една од причините поради кои наводно го убил својот вујко и полубрат.

На Јонг-нам му била понудена можност да води влада во егзил, меѓутоа, наводно ја одбил можноста. Тој живеел во Кина неколку години и некои го сметале за послободен и поотворен за реформи отколку неговиот помлад брат.

Многумина претпоставуваат дека Јонг-нам бил природен наследник, меѓутоа „излегол“ од трка откако бил фатен како се обидува да ја посети Јапонија со лажен пасош во 2001 година. Овој потег предизвикал голем срам за неговиот татко и со тоа тој го обезбедил неговото прогонство.

3
Фото: AFP

Дали Ким Јонг-чун ќе завладее со Северна Кореја?

Помек Ким ќе биде одлична ситуација за Кина, која потенцијално би имала поголемо влијание врз Северна Кореја, меѓутоа, мала е веројатноста Јонг-чул да завладее со земјата.

Според д-р Леонид Петров, еден од светските експерти за режимот во Северна Кореја, Јонг-чул е познат по неговиот мек карактер. Исто така, тој се смета за помала закана за Ким Јонг-ун отколку што бил неговиот брат Ким Јонг-нам.

„Постојат шпекулации дека Јонг-чул има женствени карактеристики, така што земал хормони за да изгледа помажествено. Меѓутоа, Јонг-чул не е заинтересиран за владеење, тој нема никаков политички интерес. Повеќе сака поп-музика и концерти, како и патувања во странство“, вели д-р Петров.

3
Фото: АР

Д-р Петров додава дека Ким-чул никогаш не зборувал во јавност, што за него е безбедна позиција.

„Кина има ограничена моќ над Северна Кореја, ова е заблуда што ја имаат луѓето“, вели д-р Петров на прашањето дали Пекинг повеќе би сакал Северна Кореја да ја предводи Јонг-чул.

4
Фото: АР

Популарен љубител на поп-музиката


Во статија од 2015 година на веб-страницата „Вашингтон пост“ пишува дека Јонг-чул бил забележан во Лондон на концерт на Ерик Клептон.

Освен музиката, тој исто така сака многу луксузни работи. При една негова посета во Лондон тој престојувал во хотелот „Челси Харбор“, каде што ноќевање чинело повеќе од 3.500 долари.

Ким Јонг-чун бил виден и на концерт во Сингапур во 2011 и неколку пати во Германија во 2006 година.

5
Фото: News.com.au

Вистинската моќ


Според д-р Петров, улогата на Ким Јонг-чул во семејната династија главно е за да ѝ служи на својата постара сестра Ким Сол-сонг, која пак му служи на нејзиниот брат диктатор.

„Чул ѝ асистира на својата сестра, која е личност што доста контролира и се грижи за обврските на Ким Јонг-ун кога тој е зафатен“, вели д-р Петров.

„Кореја има доста традиционално општество. Иако таа е легитимна за владеење, веројатно никогаш нема да завладее со Северна Кореја“, додава тој.

Патот до влијателноста

Ако една земја има влијание врз Пјонгјанг, тоа е Кина.

Сепак, д-р Питер Лејтон од Институтот „Грифит Азија“ вели дека сепак оваа изјава е под знак прашалник.

Тој вели дека иако Пекинг би сакал поразумен владетел, не сака да го види колапсот на Северна Кореја.

Ким е непредвидлив, а неговата нуклеарна моќ е загрижувачка за Пекинг. Сепак, д-р Питер се сомнева дека со Северна Кореја ќе завладее владетел што ќе слуша.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот