X
 08.09.2017 Култура

Најновото инспиративно уметничко дело на „францускиот“ Бенкси

бенкси
Фото: Getty Images

Велат дека уметноста може да го промени светот, а ова сигурно се однесува на уличните уметници како Бенкси, кои се занимаваат со секојдневните проблеми на човекот.

Во пресрет на одлуката на Трамп да се ослободи од програмата DACA, што ги штити децата на илегалните имигранти во Америка да не бидат депортирани, францускиот уметник Џеј Ар патувал до мексиканската страна на американско-мексиканската граница и започнал да работи на своето најново дело.

Резултатот е неверојатно инспиративен.

Огромна фотографија од дете кое гледа преку границата.

Именуван како „францускиот Бенкси“, Џеј Ар ја започнал кариерата правејќи фотографии од неговите пријатели и жителите на Лес Буке - соседство оддалечено неколку километри од Париз, а потоа ги зголемувал фотографиите и ги поставувал на ѕидовите на соседството.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура