X
 17.07.2024 Култура

Нова серија на „Нетфликс“ ги воодушеви гледачите и моментално е најгледана

Бразилската серија „Очајни лаги“ (англ. Desperate Lies), создадена од Анџела Чевс, стана вистински хит на „Нетфликс“. Според податоците од веб-страницата за статистика „Фликс патрол“, оваа серија моментално е третата најгледана серија на стриминг-платформата во светот, веднаш зад сериите „Викинзи: Валхала“ и „Супасел“.

„Очајни лаги“ ја следи Лијана, професионален терапевт, која сака да го остави сопругот Томас затоа што ја изневерил со пријателка. За да ги заборави случувањата, Лијана одлучува да излезе со својата пријателка Дебора и нејзиниот брат Оскар. Но, Оскар ја дрогира и ја силува.

Неколку недели подоцна, Лијана, која отсекогаш сакала да биде мајка и се борела со неплодност, дознава дека е бремена и дека носи близнаци. Но, проблемите настануваат кога открива дека поради редок медицински феномен, близнаците имаат различни татковци: едниот близнак е дете на нејзиниот сопруг, а другиот на нејзиниот силувач.

Серијата наиде главно на позитивни реакции од гледачите.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура