X
 11.09.2017 Култура

Од што најмногу се плашат Германците?

germanci
Фото: S.Jainter

Германците најмногу се плашат од тероризам, судејќи според нивното истражување кое 26. пат по ред го финансирало „R+V“ осигурување. Дури 71 отсто од жителите на Германија го ставаат тероризмот како нешто од кое најмногу се плашат, 61 отсто од нив се плашат од политички екстремизам, а на трето место е „напнатоста поради доаѓањето на голем број странци“.

„Ова е погрешна дијагноза“, вели Манфред Г. Шмит, политиколог кој го водел истражувањето со наслов „Стравовите на Германците“. Најголем број од нив стравуваат поради оправдани причини, тврди Шмит. Анкетираните граѓани прилично примерно реагирале на промена во општеството.

Меѓу стравовите се наоѓа и еврокризата, а тоа го потврдуваат и 2.400 анкетирани граѓани. Стравот од неа го зазема четвртото место. За разлика од политичарите, кои велат дека кризата е под контрола, граѓаните имаат реален поглед на опасноста поради долговите во ЕУ кои се бројат во милијарди.

strav
Фото: DW

Исклучок се два вида стравови: сè повеќе луѓе се плашат од штетните материи во намирниците и од природните катастрофи. Со оглед на тоа што истражувањето било спроведено во јули 2017 година, не го опфатило актуелниот скандал со затруени јајца. Причината поради ова, според Шмит, е тоа што медиумите сè повеќе зборуваат за теми што се однесуваат на заштита на природната средина.

З7 отсто од испитаниците се загрижени за економската ситуација, што е значително помалку во споредба со претходните години. Стравот од губење на сопственото работно место никогаш не бил помал, а него го имаат само 27 отсто од испитаниците. Во споредба со претходната година, овој страв се намалил за 17 отсто и сега се наоѓа на претпоследно место. „Причината за ова е попозитивната економска ситуација“, објаснува Шмит. Трендот на намалување на невработеноста и растот на работните места задолжително се подобруваат од 2005 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура