Снимањето на шестата сезона на мегапопуларната серија „Game of thrones“ е во полн замав. Ова е сезоната во која за прв пат нема да знаеме што ќе се случува бидејќи авторот на книгите, Џорџ Р.Р.Мартин се`уште го нема напишано продолжението на коешто треба да се базира шестата сезона. Но тоа не значи дека не постојат индикации кои покажуваат на можен расплет на сезоната која е во изработка.
Информациите од филмскиот сет постојано излегуваат и досега се појавија цел спектар на шпекулации. Ве предупредуваме дека во продолжение текстот изобилува со СПОЈЛЕРИ, такашто доколку не сакате да знаете што би можело да се случи во 6-та сезона, немојте да читате.
1. Џон Сноу
Најголемиот шок од минатата сезона го доживеавме кога беше убиен еден од најомилените ликови на серијата, Џон Сноу. Интернетот беше преплавен со разни теории за тоа што ќе се случува понатаму со овој лик, а поголемиот дел од приказните се фокусираа на тоа дека неговата приказна се`уште не е готова иако треба да имате во предвид дека серијата е позната по тоа што безмилосно ги убива своите главни ликови.
Во меѓувреме на интернет започнаа да кружат информации дека Кит Харингтон е во Исланд, токму на локацијата која се користи за снимање на сцените на Ѕидот. Треба да имате и на ум дека Мелисандра, црвенокосата вештерка која ја предизвика смртта на ќерката на Станис, го напушти паднатиот крал и поседува моќ која може да го врати Џон Сноу во живот. Освен тоа, Кит е снимен и на сетот во Белфаст во сцена која потсетува на борба. Можеби неговата приказна сепак се`уште не завршила.
2. Дали Станис навистина е мртов?
Едно од главните правила на „Game of thrones“ е дека никој не е мртво се` додека навистина не биде прикажано неговото мртво тело. Токму поради ова голем број фанови мислат дека Станис некако успеал да се извлечи. Но, уредникот на минатата сезона на серијата, Дејвид Натер, вели дека Бриен навистина го убила Станис и дека нема враќање.
Освен тоа, досега никој не го видел Стивен Дилан на нитуеден сет.
3. Мртви кои сепак ќе се вратат
Можеби Станис е навистина мртов, но затоа некои други ликови имале повеќе среќа од него. Се чини дека накратко ќе се врати и Шон Бин, човекот кој го глумеше Нед Старк. Иако Бин ја негираше можност за враќењето на Нед Старк, тоа не значи дека неговиот лик нема да се врати на сцени од минатото, особено имајќи го во предвид фактот дека тој се појави на снимањето во Белфаст.
Покрај негово шестата сезона ќе го видиме и Песот, кој Арја на крајот на 4-та сезона го остави да умре сам на планина. Ќе се врати и љубовта на Тирион, проститутката Шеј која беше убиена токму од Тирион бидејќи го предаде.
4. Кулата на радоста
Читателите на серијалот низ светот знаат за што станува збор. Сепак ова е еден од централните настани на приказната кој може да фрли светло на тоа чиј син е Џон Сноу. Сестрата на Нед, Лијана била затворена во кулата како љубовница на Лудиот крал. Таму ја пронашле во моментите кога се пораѓала, после што умрела. Многумина се убедени дека ова дете е Џон Сноу.
Сцените во кулата на задоволството започнаа да се снимаат во септември во шпанскиот дворец Кастиљо де Зафра. Ова би можело да значи враќање во минатото, а дополнително оваа теорија ја поддржува повикот на аудиција за ликови кои би можеле да бидат младиот Нед и неговиот брат, идниот крал Роберт и неколку други луѓе кои се појавиле во книгата на Мартин.
5. Што се случува со кралиците?
Денерис очигледно повторно се врати во племето Дотраки. Со неа Тирион и Џора ќе се потрудат да одржуваат ред во Мерин. Барем додека не го пронајдат Дарио Нахарис.
Серсеј е снимена во друштво на Сер Грегор, веројатно ковајќи ја одмаздата против човекот кој го предизвика нејзиниот срам. Единствено нешто во оваа приказна е чудно што нема никаква информација за тоа што ќе се случи со Марџери, па се претпоставува дека се`уште се наоѓа онаму кадешто и претходно беше - во затвор.
6. Екипата на Северот
Се чини дека во оваа сезона конечно ќе дознаеме повеќе за триокиот гавран кој на Север го бараше Брен Старк. Можеби токму Бран ќе биде изворот на оние флешбекови во кои ќе се појави Нед Старк.
Најавена е голема битка помеѓу дивјаците од Север и оној злобен Болтон. Битката треба да ги разреши сите работи на северот. Потврдено е дека во серијата се враќа и Јара Грејџој, сестрата на Теон. Прашање е само дали ќе го пронајде својот брат и дали тој и Санса се живи после скокот.
7. Што ќе се случува друго?
Во новата сезона ќе има доста актери кои претходно не сме ги виделе. Од студиото е потврдено дека на тимот му се придружува данската ѕвезда Полоу Асбек кој ќе го глуми вујкото на Тео, Еурон Грејџој.
Во шестата сезона ќе го видиме и Иан МекШејн кој веројатно ќе го игра новиот врховен свештеник. Ќе се појави и Џејмс Фаулнер кој глуми во серијата „Downtown Abbey“, но и цела низа помалку познати глумци како Саманта Спиро, Фреди Стром и Кевин Елдон.