X
 13.04.2015 Култура

Краток водич за тоа како книгите се адаптирани во филмови

Дали некогаш сте се запрашале како филмовите се адаптирани од книгите? Дали некогаш сте запрашале како зборовите кои ги читате од страницата на книгата, стигнале на малите екрани?

 

филм


Адаптацијата е доста комплицирана работа. Да се земе форма на уметност и да се презентира на сосема различен начин бара имагинација, интелигенција и доста уметнички интегритет. Еве како функционираат сите чекори:

1. Права

Најважната работа. Зошто? Затоа што никој не би сакал да навлезе во правни нервози. Значи, првиот и основен чекор во претворање на пишаното дело во филм или претстава е да се обезбедат правата за тоа дело. Ова обично е работа на продуцентската куќа која го контактира авторот и заедно преговараат за деталите.

2. Сценарио

Откако ќе се средат авторските права, на ред е сценариото. Најпрво се прашува авторот дали тој би сакал сам/а да напише сценарио. Многу автори го направиле тоа: Мајкл Чабон, Нил Гаиман, Џилијан Флин, листата е бесконечна. Ако авторот е активно вклучен во процесот на сценариото, може да се очекува филмот да биде скапоцен камен.

Но, исклучоци има кога авторот е веќе мртов подолго време.

3. Ангажирање на сценарист

Без оглед на одговорот на авторот, скоро секогаш се изнајмува сценарист за да го напише нацртот. Структурата на романот е доста поразлична од онаа на сценариото, така што само искусна личност може да ги „исецка“ неважните делови и деловите кои не изгледаат визуелно добро.

4. Започнување на филмот

Откако ќе се избере режисер, тој ќе го направи кастингот и адаптацијата може да започне. Секако, сето ова е генерално како функционира адаптацијата. Треба да се земе во предвид дека во целиот процес има исклучоци и самиот процес не секогаш е лесен. Ви нудиме неколку комплицирани адаптации.

 

2


The Godfather

 


Режисерот Френсис Форд Копола и Марио Пузо првично сакал Лоренс Оливие да ја игра улогата на Дон Вито Корлеоне. Кариерата на Марлон Брандо во тој период била во опаѓање и било доста тешко да се работи со него. Лоренс Оливие ја покажал интерес и ја прифатил улогата. Дури и го усовршил италијанскиот акцент, меѓутоа бил презафатен со „Sleuth“, уште еден успешен филм истата година. Како резултат на тоа, Брандо отиде на аудицијата, па така ја доби улогата.

 

2


A Clockwork orange

Стенли Кјубрик бил добро познат по неговите контроверзни адаптации такашто „Clockwork Orange“ е одличен пример за тоа. Тој направил радикални промени за филмот кои севкупно земено не направиле промена на целата тема, меѓутоа донесоа промени во ликот на протагонистот. Гласините велат дека тој го изложил Малколм МекДауел на ужасна тортура поради сцената со отворањето на очите - го натерал сцената да ја направи 40 пати затоа што не бил задоволен.  
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура