X
 14.09.2017 Живот

10 неверојатни подводни откритија

Океаните зафаќаат околу 70% од Земјата, а само 5% од нив се истражувани. Тоа значи дека поголемиот дел од Земјата е составен од длабоки, темни води со мистерии кои чекаат да бидат откриени.

И покрај малиот број истражувања, пронајдени се неверојатни места, животни или предмети. Пребарувањето на океаните ни дава увид во минатото, сегашноста, па понекогаш и во иднината. Ова се 10. неверојатни откритија што биле пронајдени под вода.

1. Моментално движење на тектонски плочи

фото извор: Alexander Mustard

Тектонските плочи во Северна Америка и во Евроазија се оддалечуваат во изминатите години, како што оние од Северна Америка се движат на запад. Ова може да се види и на копно и под вода некаде блиску до Исланд.

Ова било откриено и забележано од подводни фотографи и нуркачи.

2. Античкиот подводен град Павлопетри

Бил откриен во 1967 година од д-р Ник Флеминг. Град-пристаниште од неолитската ера, а се наоѓа на северниот брег од Грција. Пронајдени биле антички садови, па експертите сметаат дека во градот била развиена трговијата. Се протега на околу 100.000 квадратни метри, а се смета дека е постар за илјадници години од останатите откриени подводни градови.

3. Подводна река „Црно Море“

На дното на Црното Море има целосен екосистем со река, дрвја и водопади. Изгледа збунувачки, но се случува бидејќи водата во реката е многу посолена и погуста отколку водата што ја опколува од Црното Море. Тоа ѝ дозволува да тече низ морето со брзо темпо. Ова откритие може да им помогне на научниците подобро да ги разберат животот што се одвива под вода и различните услови кои дозволуваат да се случуваат вакви феномени.

4. Земчунг Кањон, Берингово Море

Кањон под вода, кој е толку голем што може да се види целосно само од вселената. Има површина од 5.800 кубни километри и длабочина од 2,6 километри. Во него може да го собере целиот Гранд Кањон.

5. Патот Бимини, Бахами

фото извор: Ancient Origins

Една од најпопуларните туристички атракции на Бахамите. Патот под вода е откриен во 30-тите години на 20 век. Потеклото е непознато, а многумина сметаат дека води до изгубениот град Атлантис. Се протега на само 6 метри под површината на водата, а е достапен за сите што сакаат да нуркаат и да ја видат оваа мистериозна формација.

6. Британски Атлантис, Догерленд

Откритие пронајдено во Северното Море. Се работи за голема маса на земја што се наоѓа под вода речиси 8.500 години. Истражувачите веруваат дека се протега од Шкотска до Данска и дека некогаш била окупирана од мамути. Догерленд е импресивно место бидејќи докажува дека островите што сега се дел од Велика Британија некогаш биле поврзани со остатокот на Европа.

7. Урнатини на Атлит Јам, Средоземно Море

Овие руини имаат од 8 до 12 метри, а се наоѓаат крај брегот на Израел. Откриени се во 1984 година, а се верува дека припаѓаат на неолитската ера и се едни од најголемите подводни урнатини некогаш најдени. Има остатоци од куќи, луѓе, животни, предмети, артефакти.

8. Црни пушачи, арктички круг

Формации слични на оџаци се пронајдени под вода каде што морската вода се среќава со магма. Пронајдени се на неколку места во океаните, но најголемата локација е арктичкиот круг помеѓу Норвешка и Гринленд. Забележани биле во 2008 година. Истражувачите сметале дека ваква формација не е можна во регион со толку бавни тектонски движења. Токму овие формации покажуваат колку непредвидлива и импресивна е природата.

9. Флота на духови, лагуна Чук

Остатоците од бродови се можеби најинтересните нешта што можат да бидат пронајдени во океаните. Тие раскажуваат приказни за друго време во историјата и даваат податоци за тоа што се случувало во минатото. Лагуната Чук се наоѓа на островите Каролина во Тихиот Океан, северно од Нова Гвинеја и источно од Филипините. Тука биле откриени безброј јапонски бродови и авиони што биле уништени во Втората светска војна.

Флотата на духови била тема и во филм, а се верува дека телата на оние што пловеле и летале уште се наоѓаат во бродовите и во авионите.

10. Големата сина дупка, Белизе

фото извор: listverse.com

Ова е најголемата дупка што некогаш е снимена во океан. Станала популарна во 1971 година, а оттогаш прераснала во туристичка атракција. Голем број туристи можат да отпатуваат до неа и да нуркаат. Дупката се протега на 300 метри и е длабока 125 метри.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот