Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, се најде на првото место на листата со 100. најмоќни луѓе во светот на бизнисот, според магазинот „Форчн“.
„Форчн“ ја објави листата со 100 најмоќни луѓе во светот на бизнисот. Листата вклучува лидери од 40 индустрии на возраст од 30 до 90 години.
Маск се најде на врвот на листата, а беа истакнати успесите на неговите компании „Спејс екс“ и „Невролинк“, а беше напоменато и дека Маск посветува време и на политиката, станувајќи еден од најпознатите поддржувачи на Трамп.
Основачот и извршен директор на „Нвидија“, Џенсен Хуанг, се најде на второ место. Неговата компанија е еден од најважните „играчи“ во бумот на вештачката интелигенција. Доминацијата на пазарот на „Нвидија“ ги доведе нејзините акции до рекордни височини, со што компанијата стана една од највредните во светот.
На трето место се најде извршниот директор на „Мајкрософт“, Сатја Надела. Во период од една деценија, Надела успешно го водеше „Мајкрософт“ низ две големи трансформации: облакот и вештачката интелигенција.
Ворен Бафет, извршен директор на „Беркшир Хатавеј“, се најде на 4. место, а Џејми Дајмон, извршен директор на „ГП Морган чејс“, една од најголемите банки во САД, на петто место.
Извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, е шести, а извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, е на седмото место.
Извршниот директор на „Опен АИ“, Сем Алтман, се најде на 8. место, извршната директорка на „Џенерал моторс“, Мери Бара, на 9. место, а извршниот директор на „Алфабет“, Сундар Пичаи, на 10. место.
Извор:
6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube