Во Русија вчера попладне завладеа вистинско лудило. Вознемирувачки
анонимни телефонски повици најавуваа дека на многу места во 17 града
се поставени бомби.
Голем број анонимни телефонски повици
предупредија дека бомбите се поставени на железничките станици,
пазарите, аеродромите, универзитетите, училиштата, трговските центри,
телевизиските редакции и владините агенции, па дури и на Црвениот
плоштад во Москва.
Сите се лажни
Неофицијалните информации
од безбедносните служби велат дека со оглед на тоа што станува збор за
многу повици, тие се сметаат за лажни. Експертот за разузнавање и
пропагандна војна, Андреј Масалович, изјави дека станува збор за силен
хакерски напад како нова метода за војување и обид да се дестабилизираат
политичката и безбедносната ситуација во земјата. ИТ-експертите велат
дека повиците се направени со IP телефонија.
И покрај тоа, во сите
градови е извршена евакуација. Голема е веројатноста Русија да биде нападната од хакери бидејќи, како што пишуваат руските медиуми,
изведеното е технолошки беспрекорно. Полицијата и војската детално ги
испитуваат сите места во потрага по бомби, меѓутоа, московските медиуми
јавуваат дека ниту една бомба не е пронајдена.
Анонимни повици
Во
Москва биле евакуирани 50.000 луѓе. Руските медиуми наведоа дека
„анонимните повици“ биле направени уште од 10 септември, а кулминацијата
била на 12 септември кога само во Москва имало 30 повици за
предупредувања, а и низ повеќе градови од Русија. Според извештаите на
руските медиуми, повици за поставени бомби освен во Москва биле
забележани и во Петрозаводск, Иркутск, Абакан, Томск, Саратов, Јакутск,
Хабаровск, Перм итн. Целта биле места каде што се собираат голем број
луѓе: станици, трговски центри, аеродроми.
Нема прецизни
информации за тоа како доаѓале повиците, но она што е познато е дека тие
биле претходно снимени гласовни пораки испратени преку интернет-телефонија. После овие пораки јасно е дека ниту еден градоначалник не би
дозволил повикот да се сфати како шега. Извор од безбедносните служби
вели дека измамата е резултат на сајбер-напади организирани во Украина,
но за тоа не се дадени никакви аргументи. Инаку, вообичаено е Москва и
Киев да се обвинуваат во ваква ситуација. Еден од ИТ-експертите за
безбедност изјави дека станува збор за напад кој доаѓа надвор од
земјата.
Гувернерот на Стравопол вели дека телефонскиот напад
доаѓа од надвор, а една телефонска компанија соопштила дека станува збор
за меѓународен виртуелен оператор.
Тешка шлаканица за Путин
Прашањето
на кое највисокиот врв на Москва сака да пронајде одговор е кој е
виновен, а уште повеќе ги мачел фактот што нападот го погоди срцето на
Русија, Црвениот плоштад, точно еден ден пред почетокот на најголемите
воени вежби што се одржуваат на секои четири години - „Запад 2017“.
Затоа,
ваквиот моќен сајбер-напад врз Русија, на само неколку дена пред
почетокот на „Западот“, треба да покаже супериорност над руската армија
пред која треба да потклекне и НАТО.
Автор: Владо Вурушиќ