X
 12.04.2021 Култура

Доделени филмските награди БАФТА: „Земја на номадите“ - апсолутен победник

Оваа година наградите на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА) ги прославија филмовите чија премиера се случи во текот на навистина тешка година.

Со екстремно ограничени кино-премиери поради пандемијата, многу филмови кои обично се големи хитови на големото платно, мораа да најдат алтернативен начин за да стигнат до филмските фанови. Но, токму тоа дозволи можност за потивки драми како „Земја на номадите“ и „Минари“ да најдат желна публика.

По минатогодишната контроверзија за недостаток на разновидност во БАФТА-номинациите биле спроведени 120 измени. Можеби најголемата реформа беше новиот систем што на секој член му обезбеди список на филмови што требало да ги гледа пред првиот круг на гласање. Така, промената довела до зголемување на вкупните номинирани филмови, од 39 што беа минатата година, на 50 оваа година.

БАФТА наградите се одржаа од лондонскиот „Ројал Алберт хол“ во текот на викендот. Неколку познати личности, вклучувајќи ја и Пријанка Чопра, нејзиниот сопруг Ниџ Џонас и Фиби Диневор, присуствуваа на церемонијата во неделата за да им ги врачат наградите на победниците, кои беа виртуелно приклучени.

Ова се победниците.

Најдобар филм

„Земја на номадите“ - победник

„Таткото“
„Мавританецот“
„Ветувачка жена“
„Судењето на седумтемина од Чикаго“

2
„Номадска земја“/Фото: Screenshot/YouTube

Најдобра актерка во главна улога

Френсис Мекдорманд, „Земја на номадите“ - победник

Буки Бакрај, „Рокс“
Рада Бланк, „40-годишна верзија“
Ванеса Кирби, „Фрагменти од жена“
Вунми Мосаку, „Неговата куќа“
Алфре Вудвард, „Милост“

Најдобар актер во главна улога

Ентони Хопкинс, „Таткото“ - победник

Риз Ахмед, „Звукот на металот“
Чедвик Бозман, „Црниот задник на Ма Рејни“
Адарш Гоурав, „Белиот тигар“
Мад Микелсен, „Уште една рунда“
Тахар Рахим, „Мавританецот“

Најдобра актерка во споредна улога

Ју-јунг Јун, „Минари“ - победник

Ниамх Алгар, „Смирено со коњите“
Косар Али, „Рокс“
Марија Бакалова, „Борат 2“
Доминик Фишбек, „Јуда и црниот месија“
Ешли Мадекве, „Линиите на округот“

Најдобар актер во споредна улога

Даниел Калуја, „Јуда и црниот месија“ - победник

Бери Кеоган, „Смирено со коњите“
Алан Ким, „Минари“
Лесли Одом Џуниор, „Една ноќ во Мајами“
Кларк Питерс, „Пет од истата крф“
Пол Рејси, „Звукот на металот“

Најдобар анимиран филм

„Душа“ - победник

„Напред“
„Легенда за волците“

Најдобар режисер

Клои Жао, „Земја на номадите“ - победник

Томас Винтерберг, „Друга рунда“
Шенон Марфи, „Бебешки заби“
Ли Исак Чунг, „Минари“
Јасмила Жбаниќ, „Каде одиш, Аида?“
Сара Гаврон, „Рокс“

1
„Ветувачка девојка“/Фото: Screenshot/YouTube

Најдобро оригинално сценарио

„Ветувачка девојка“, Емералд Фенел - победник
„Друга рунда“, Тобијас Линдхолм, Томас Винтерберг
„Манк“, Џек Финчер
„Рокс“, Тереса Икоко, Клер Вилсон
„Судењето на седумтемина од Чикаго“, Арон Соркин

Најдобро адаптирано сценарио

„Таткото“ - победник
„Ископ“
„Мавританецот“
„Номадска земја“
„Белиот тигар“

Останатите победници можете да ги погледнете ТУКА.

Извор: Eonline.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура