Стив Џобс пред 34 години гордо стоеше пред компјутерот со име „Мекинтош“, кој првпат ѝ беше претставен на јавноста. Претставувањето се случи во центарот „Флинт“ во Калифорнија, на 24 јануари 1984 година.
фотоизвор: Disk Drill
Сепак, фамозниот „Мекинтош“ не е првиот компјутер што пристигна од компанијата „Епл“. Тоа место го има „Епл 1“, кој излезе во јули 1976 година.
Интересно е што првата ТВ-реклама за првиот „Мек“, која премиерно е емитувана во периодот на полувремето од Супер боул, била режирана од Ридли Скот, човекот кој стои зад „Блејд Ранер“ и „Гладијатор“.
„Епл Мекинтош“ го доби името по вид на јаболко кое во тоа време се одгледувало во Канада. Името на сортата е – мекинтош. Сепак, оригиналното име на овој компјутер, од непознати причини, требало да биде „Бајсикл“ (велосипед).
Погледнете што кажал тогаш Стив Џобс: