X
 02.10.2017 Живот

8 нешта што успешните луѓе ги практикуваат секој понеделник

Колку и да ја сакаме својата работа, повеќето од нас не ги сакаат понеделниците, но овој ден е особено важен за продуктивноста во текот на целата недела, а повеќето успешни луѓе имаат сличен модел на однесување токму во понеделник

Одговорните и посветени лица, особено на високи и одлучувачки позиции се свесни што ги чека на работното место по два дена викенд, па освен важноста да го подигнат духот и енергетскиот биланс, тие се придржуваат и до одредени модели што им овозможуваат врвни деловни резултати.



Се будат рано. Успешните деловни луѓе во недела навечер порано легнуваат за да можат солидно да се одморат и да го стартуваат понеделникот полни со енергија. Одложувањето на алармот никогаш не е добра опција.

Вежбаат. Вежбањето во утринските часови е најдобар начин да се поттикне циркулацијата, лачењето на ендорфинот, се подигнува расположението што е исклучително важно за почеток на напорна работна недела.

Појадуваат здраво. Позитивните нутритивни практики се важни за  успешен работен ден. Поради тоа тие појадуваат здраво, знаејќи дека со прескокнување на најважниот оброк во денот го компромитираат своето добро општо здравје и физичка благосостојба.

Порано доаѓаат на работа. Успешните деловни луѓе и натаму го следат верувањето дека оној што станува рано е секогаш во добивка. Ако стигнете порано, ќе имате повеќе време за добра подготовка, решавање на останатите обврски што се провлекуваат и доволно време за важните нешта.

 

Секогаш се подготвени на неочекувани обврски. Иако е важно секогаш да се предвидува позитивен резултат од проектите, посветените деловни луѓе се свесни дека по два неработни дена сешто може да се случи, па тие се подготвени дека во понеделник наутро ги чека изненадување и општ неред.

Знаат дека постои и вторник.  Да и тоа е важно. Во деловниот хаос лесно е да се поверува дека светот ќе пропадне ако одреден проблем не се реши уште веднаш. Но, кога ќе слегне прашината најчесто се воочува дека некои нешта навистина можеле да причекаат до втоник.


 

Ги одбираат најдобрите опции што ќе ја унапредат работата на целиот тим
. Во овој контекст, успешните деловни луѓе секогаш се грижат да овозможат и интегрирани решенија услуги за да можат на својот тим да му обезбедат поголема слобода и продуктивност.  

Едно од таквите паметни интегрирани решенија што  поволно влијаат на условите за работа и деловното опкружување, но и на резултатите е Magenta 1 Business пакетот на Македонски Телеком, што нуди пристап до информации од каде било, документи на Cloud, интернет за во канцеларија, но и во движење, неограничена комуникација, безбедност, факс услуги без употреба на хартија и многу други придобивки.



Проценуваат што и колку добиваат. Добрите решенија како Magenta 1 Business пакетот ја подигнуваат работната продуктивност, но и способноста за управување на работата на конструктивен начин, со минимум потрошено време и максимум придобивки.

Деловните корисници на Magenta 1 Business пакетот добиваат и буџет за набавка на смартфон, лаптоп, телевизор, принтер, компјутер, таблет по личен избор и тоа само со потпишување договор на 24 месеци. Дополнително, можат да ја изберат најдобрата интерактивна телевизија MaxTV за во канцеларија, а со услугата  MaxTV GO таа станува достапна и во движење, преку кој било уред.

Повеќе информации за Magenta 1 Business побарајте на telekom.mk во делот за деловни корисници, на 120 или во најблиската Телеком продавница.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот