X
 01.01.2015 Живот

Работи на кои никогаш не треба да помислите

Здравите и среќни луѓе размислуваат на позитивен начин. Откако ќе се разбудат наутро, до моментот кога навечер ќе ги затворат очите, тие размислуваат на најдобриот можен начин.

Погледнете ги работите на кои тие никогаш не помислуваат.

1. Кого да обвинам за ова?

Успешните луѓе не размислуваат за тоа кој да го обвинат за сопствениот неуспех, и на место тоа тие се фокусираат на тоа животот да е полн со можности и самите да ги реализираат. Овој пристап им овозможува неуспесите од минатото да ги претворат во сила која ги тера да бидат подобри.

2. Ќе бидам среќен/на кога... (ќе се случи нешто во иднината)

Дали сте ја забележале кај себе оваа мисла? Таа вклучува мисла како: „кога овој проект ќе се заврши“ или „кога ќе се пензионирам“. Успешните луѓе знаат дека постигнувањето на поголемите цели нема да им донесат среќа до крајот на животот. Тие размислуваат: „Среќен сум сега поради...“ Тие знаат дека секој ден имаат причина да бидат среќни.

3. Ќе се одмаздам...

Моќните луѓе не се замараат со одмазда бидјеќи знаат дека таа не води кон ништо добро. Можат да бидат вознемирени и исфрустрирани поради другите, но нема да го потрошат нивното време размислувајќи за начините на кои можат да ги повредат. Наместо тоа, размислуваат за причини за градење на врски со луѓето.

4. Едноставно сум таков

Со ова велите дека не сакате да се промените. Успешните луѓе го исфрлаат ваквото размислување. Тие себеси си велат: „Јас ветрувам во себеси. Јас сум храбар. Јас сум храбар“. И тие ќе бидат, дури и тогаш кога не е целосно точно. Тие денес ја дефинираат својата иднина.

5. Секогаш сум во право

Успешните луѓе знаат дека „да се биде најпаметен“ повеќе не е доблест. Иако порано било нешто што луѓето ги импресионирало, денес многу ги нервира. Успешните луѓе секогаш учат, никогаш не им е страв да признаат дека нешто не знаат и секогаш се заинтересирани за нови иеи.

6. Зошто јас?

Среќните луѓе го исфрлаат поимот „јас“ и го воведуваат поимот „ние“б - постојано размислуваат што можат да направат повеќе за другите.

7. Не сум креативен

Успешните луѓе не ја потценуваат својата креативност. Веруваат дека креативноста е самото поврзување на работите. И тие ги поврзуваат работите цело време, на практичен и инспиративен начин.

8. Не сум доволно добар

Оваа мисла е убиец - и може да се појави тогаш кога работата не оди кон добро, кога бракот не е во најдобра состојба и слично. Успешните луѓе стојат настрана од оваа реченица. Знаат дека не мора да чекаат да реализираат нешто за да се чувствуваат одлично. Тие се поврзуваат со целта во животот која им помага да станат наутра и им дава мирен сон.

9. Не сакам промени

Успешните луѓе не се заљубени во статус кво. Тие секогаш размислуваат за тоа како да ги променат работите на подобро. Не размислуваат за заштите на она што е популарно, туку за развојот на нешто ново и различно.

10. Очекувам тоа да го направат, дури и јас ако не го направам

Никогаш нема да бидете успешни доколку живеете лицемерно. Успешните луѓе не бараат од другите да направат нешто што и самите не го прават.

11. Немам време за... (нешто што е важно)

Моќните луѓе, што е најважно, не ја ограничуваат нивната моќ. Повеќе се фокусираат на животната мотивација отколку на управување со времето, знаат дека семејството и пријателите се поважно од се`.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот