X
 08.12.2017 Живот

Успешните луѓе имаат заеднички метод - петчасовното правило

Замислете човек што е олицетворение на успешна кариера. Бил Гејтс? Опра? Илон Маск? Голем дел од имињата што можат да ви паднат на ум се водат според еден заеднички принцип: петчасовното правило. Ова не значи дека ќе станете следниот Ворен Бафет, меѓутоа, дефинитивно е почеток.

Самото правило е прилично едноставно: тргнете еден час од секој работен ден (еден час + пет работни дена = 5 часа) за да посветите на пракса и учење. Вметнете малку читање, учење или вежбање, нешто со кое би се подобриле себеси во вашата област.

Причината поради која петчасовното правило е толку ефикасно се сведува на две работи. Прво, вредното и долгото работење не е исто што и паметното работење. Ниту близу. Паметното работење ќе ви помогне да се фокусирате на долгорочно самоусовршување, наместо на тековното работно оптоварување. Дали навистина мислите дека Бил Гејтс и неговото годишно читање по 50 книги е директно поврзано со неговите секојдневни проекти?

Второ, ништо не го надминува експертот. Не постои замена за експертизата. Претприемачот и милијардер Марк Андресен го дава за пример Марк Закерберг. „Мислам дека стекнувањето вештини, буквалното стекнување вештини и како се прават работите е драматично потценето. Постои причина зошто постојат толку приказни за Марк Закерберг. Навистина одличните извршни директори, ако поминете време со нив, се енциклопедисти во нивното знаење како да управуваат со компанија“, вели тој.

Во продолжение се само делови од тоа како успешните луѓе го применуваат нивното петчасовно правило.

1. Читајте. Освен Бил Гејтс, и Опра Винфри, Барак Обама и многу други успешни луѓе читаат.

2. Размислувајте. Може да ви се чини дека залудно трошите време, меѓутоа, ова се покажало дека ги подобрува перформансите на работа. Извршниот директор на АОЛ, Тим Армстронг, го тера неговиот постар тим да помине четири часа неделно размислувајќи.

3. Експериментирајте. Бенџамин Френклин и Томас Едисон биле познати по тоа што правеле ризични експерименти. „Гугл“ и „Мајкрософт“ им даваат време на своите работници да експериментираат со своите идеи.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот