X
 05.04.2021 Живот

Навики и вештини што ги имаат храбрите и успешните луѓе

Ако сакате да бидете храбра личност која ќе води големи битки, ќе презема големи ризици, ќе се залага за достојна цел, ако сакате да бидете личност што сака да постигне големи соништа и да направите разлика во светот, мора да зачекорите во арената.

Како што рекол Теодор Рузвелт: „Заслугата му припаѓа на човекот кој е во арената, чие лице е ослабено од прашина, пот и крв; кој храбро се стреми, кој греши и повторно се обидува затоа што знае дека нема напор без грешка; но кој се стреми да ги реализира делата; кој знае за големиот ентузијазам и посветеноста. Човек кој се троши за достојна цел, човек кој најдобро го знае триумфот на високите достигнувања и кој, во најлош случај, ако не успее, барем ќе знае дека пробал, за неговото место никогаш да не е меѓу плашливите души што ниту знаат за победа ниту за пораз.

Ова се навиките на луѓето што го прават токму тоа.

1. Ги користат предизвиците како гориво за растење

„Пречките не го блокираат патот. Пречките се патот“ - поговорка.

Предизвиците можат да се искористат како гориво за растење. Храбрите луѓе го знаат тоа. Наместо само да се справат со она што животот им го носи, тие ја користат неповолноста за растење.

Ако сакате да ја практикувате оваа навика, треба да се фокусирате на напредокот и тогаш кога животот ќе биде суров.

Ако се појави тешка ситуација која не можете да ја промените, тогаш искористете ја како шанса да вежбате прифаќање. Ако сте под стрес, тогаш искористете ја можноста да вежбате нереактивност.

Ова можете да го направите со што било. Ако не успеете во нешто што ви е важно, можете да го искористите како шанса да научите вредна лекција. Секоја ситуација е можност за растење, особено оние предизвикувачките. Затоа, наместо едноставно да се обидувате да се справите, искористете ги предизвиците како гориво за раст.

2. Преземаат ризични активности

„Постојат ризици и цена поради одредена акција. Но, тие се далеку помалку од ризиците и трошоците од удобната неактивност“ - Џон Кенеди.

Животот е арена, а повеќето луѓе се гледачи. Ретките, гладијаторите, се оние што зачекоруваат во арената. Во денешниот свет гладијаторите се оние што се на првата борбена линија, оние што одат по она што го сакаат и ги доставуваат своите идеи во светот.

Притоа, современиот гладијатор ризикува отфрлање на секој чекор. Ако аплицираат за нова работа, можеби ќе бидат одбиени. Ако почнат да пишуваат, читателите може да го одбијат нивниот труд. Ако почнат нов бизнис, клиентите може нема да го купат нивниот производ.

И покрај тоа што се изложуваат на овој вид ризик, храбрите луѓе продолжуваат да му се смеат на одбивањето. Зошто? Бидејќи го сфаќаат вака: ако не ризикувате отфрлање, не си давате ниту шанса за борба.

3. Го прифаќаат неуспехот


„Не плашете се од неуспехот. Не неуспехот, туку ниската цел е кривично дело. Во големите обиди, славно е дури и да не успееш“ - Брус Ли.

Дали се плашите од неуспех? Ако е така, не сте единствени. Стравот од неуспех спречува многу луѓе да преземат акција и како резултат, ги спречува да го добијат она што го сакаат од животот.

Прашањето е дали можете да успеете без да доживеете неуспех? Не, освен ако не ве исполнува просечноста. Ако сакате да ги следите вашите соништа, треба да го прифатите неуспехот.

Џ. К. Роулинг, авторката на „Хари Потер“, е одличен пример за тоа. Таа се соочувала со многу борби додека ја пишувала книгата. Неуспешен брак. Депресија. Дури и престанала да пишува. Кога конечно ја завршила книгата, осум различни издавачи не го прифатиле проектот. Секојпат одговорот бил негативен.

- Според секој вообичаен стандард, јас бев најголемиот неуспех - изјави таа еднаш. За среќа, на крајот успеа и оттогаш нејзиниот серијал „Хари Потер“ заработи над 400 милиони долари од продажба на книгите, а направи среќни милиони деца.

Како и многу храбри луѓе, Роулинг не се плашела од неуспех, туку го прифатила и на сето тоа гледала како на чекор по скалилата до успехот.

2
Фото: Freepik

4. Не ѝ дозволуваат на главата да надвладее над срцето

- Не предавајте им се на вашите стравови. Ако го направите тоа, нема да можете да зборувате со вашето срце - Пауло Коелјо.

Ако го следите срцето, а притоа не го кршите законот, не плашете се да ги оспорите општествените норми. Следете ја вашата страст. Кога толпата оди во една насока, вие одете во друга.

5. Се соочуваат со своите стравови

- Пасивноста раѓа сомнеж и страв. Дејствувањето раѓа самодоверба и храброст. Ако сакате да го победите стравот, не седете дома и не размислувајте. Излезете - Дејл Карнеги.

Соочувањето со стравовите не е лесно, но тие ретко се толку големи колку што ние ги правиме. Ако сакате да ги надминете вашите стравови, најдоброто нешто што може да го направите е да се соочите директно со нив.

Ако се плашите од висина, одлучете се за банџи-скок. Ако треба да водите тежок разговор, одете и разговарајте со таа личност. Ако се плашите од неуспех, бидете успешни и во неуспехот и научете нешто од сето тоа.

uspeh
Фото: Freepik

6. Не се срамат да побараат помош

- На крајот, жалиме за шансите што не ги искористивме - Луис Керол.

Дали некогаш сте се запрашале како би било да имате помош од луѓето на кои најмногу им се восхитувате? Потенцијален ментор, сопственик на вашата компанија, познајник кој ве инспирира или експерт во вашата област. Ако сакате помош за лидерство од овие луѓе, прашајте ги.

Ако сакате да бидете гладијатор, треба да зачекорите во арената. Ова не е лесен пат. На патот ќе се соочите со многу предизвици: страв од неуспех, ризик од одбивање, а гледачите во арената ќе го следат секој ваш потег.

Но, не плашете се. Ова е местото каде што се случува магијата:

- Насочувајќи се кон предизвиците, ќе ги претворите во гориво за растење;
- Ризикувајќи одбивање, си давате себеси шанси за борба;
- Прегрнувајќи го неуспехот, брзо ќе направите чекор плус кон скалилото на успехот;
- Слушајќи го своето срце, ќе играте според вашите правила;
- Соочувајќи се со вашите стравови, ќе откриете дека тие не се толку страшни колку што мислите;
- Контактирајќи ги и барајќи помош од другите, ќе ги добиете одговорите што сте ги барале.

Извор: Theladders.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот