Фото: Flickr
Дали сте нарцисоидни? Неодамнешно истражување покажува дека одговорот на само едно прашање открива дали имате тенденција да мислите дека цел свет се врти околу вас.
Луѓето што имаат превисоко мислење за себе ќе признаат дека се нарциси ако им е поставено едно едноставно прашање.
„Нарцисите не се плашат да признаат дека се нарциси“, вели коавторот на истражувањето Бред Бушман, професор по комуникологија и психологија на Државниот универзитет во Охајо. „Нив ова прашање воопшто не ги збунува“.
Луѓето што се нарциси имаат и тоа како добро мислење за себе, малку се егзибиционисти, секогаш се во право и имаат малку сочувство за другите.
Милениумците се нарцисоидни
Луѓето што живеат во западните земји се повеќе нарцисоидни од населението во источните земји, а милениумците, луѓето родени во почетокот на 80-тите до првата деценија на 21 век, се повеќе насочени кон себеси отколку претходните генерации. Бушман смета дека ова е така затоа што социјалните мрежи им овозможуваат на луѓето да се претстават на широката публика.
Од егоизмот има корист. На пример, прекумерната самодоверба може да им помогне на нарцисите да добијат работа или да привлечат партнер, а некои истражувања укажуваат на тоа дека нарцисите се добри лидери. Но генерално, нарцизмот не прави никому услуга.
Научниците ги засноваат своите заклучоци на прашалник направен од 40 прашања, каде што учесниците мора да се одлучат за една или друга опција за одговор. Самиот одговор на едно прашање покажува тенденција. На пример, „повеќе би сакал да се изгубам во толпата (ненарцисоиден одговор)“ во споредба со „сакам да бидам во центарот на вниманието“. Или „владеењето со светот ме плаши“ наспроти „јас да владеам, светот би бил подобро место“.
Одговорот на едно прашање за одредување дали некој е нарцис може да се користи во брзите истражувања, меѓутоа, за целосно истражување на
нарцисоидноста, потребно е многу големо истражување бидејќи нарцисоизмот има неколку компоненти - од егзибиционизам до тенденција нарцисот да искористува други луѓе.