X
 28.02.2015 Наука

Луѓето од ист пол наскоро ќе можат да имаат потомство

Научниците во Кембриџ пронајдоа начин да направат човечка јајце клетка и сперматозоид користејќи ја кожата на двајца возрасни луѓе од ист пол.

 

2


Тоа значи дека наскоро би можеле да се раѓаат деца од два мажи и две жени, но и начин за паровите кои патат од стерилитет конечно да добијат потомство.

Сепак, критичарите се грижат дека ваквиот напредок во науката ќе доведе до таканаречено „дизајнирање на бебиња“ во според кој родителите ќе избираат изглед, карактер и здравствена состојба на нивното дете.

Експертите од Универзитетот во Кембриџ и Вајсман институтот во Израел користеле кожа на пет возрасни луѓе, за вештачки да создадат матични клетки од кои настануваат сперматозоидите и јајце клетките.

Јакоб Хана, специјалист и водач на проектот, вели дека новите бебиња кои ќе бидат зачнати на овој начин би можеле да се родат за две години.

Сепак, тој вели дека треба внимателно да се разгледаат можните последици.

„Не сум за дизајнирање на луѓе, но мислам дека оваа техника ќе биде од корист за луѓето кои се неплодни“, вели тој.

„Преовладува голем интерес на припадниците на геј заедницата, затоа што ова значи дека тие можат да имаат свои деца“, додава тој.

Откритието објавено во стручниот магазин „Cell“ покажува дека генот SOX17 е клучен во процесот на репрограмирање на човечките клетки.

Професорот Азим Сурани од Универзитетот во Кембриџ вели дека е откриено дека не доаѓа до епигенски мутаации предизвикани од стареењето.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука