X
 05.10.2017 Култура

Запознајте го човекот што го обликуваше вашето детство

1

„Нинтендото“ е одговорно за некои од најпознатите и незаборавни игри на сите времиња. А музиката е голем дел од причината зошто игрите како „Супер Марио Брос“, „Легендата за Зелда“ и „Стар Фокс“ се толку незаборавни.

Од каде доаѓаат овие песни? Верувале или не, се чини дека еден единствен човек е одговорен за сите овие симболични музики и звуци со кои пораснавте. Запознајте го Коџи Кондо.

Првава година во „Нинтендо“ ја поминал учејќи за основите на звучното програмирање за „Нинтендо фемили компјутер“ и како да работи во рамките на техничките ограничувања на конзолата.

Технологијата во тоа време дозволувала музиката да ја има на три канали истовремено, назначени за мелодија, хармонија и ударни инструменти. Сепак, Кондо успеал да го прикрие повторувањето преку вметнување незаборавни мелодии. Така, во 1985 година „Нинтендо“ ја објави играта „Супер Марио Брос“ и со тоа и првата музика создадена од Кондо. Денес песната од играта е една од најпознатите во светот.

1985 година била само почеток за Кондо. Само една година подоцна тој ја создал музиката за „Легендата за Зелда“ зацврстувајќи го своето место во историјата на видеоигрите со една симболична тема за франшиза.

Кондо ја поминал својата 30-годишна кариера во „Нинтендо“ создавајќи музика за игри како „Стар Фокс“ и „Супер Марио Галакси“, а го советувал и го надгледувал музичкиот и звучниот дизајн за десетици други игри. Неговата музика е дел од стотици албуми.

2
Фото: Manybits

Приспособување на времињата

Како што се развивале игрите, дизајнот на звукот истовремено станал полесен и потежок. Додека Кондо имал многу помалку технички ограничувања со кои се соочувал во 80-тите, барањата на модерните игри доаѓале со зголемени очекувања.

„Во игрите не знаете кога играчот ќе направи одредени работи, па мора да размислите како ќе игра за да создадете нешто што ќе биде соодветно за искуството на играчот“, вели композиторот и дизајнер на звук Елиот Калиган.

„Исто така, имате опции со интерактивни и адаптивни резултати, каде што во зависност од активностите во играта - на пример, сега има повеќе непријатели и тие се обидуваат да ве убијат - токму поради ова, имате други инструменти што се донесени во миксот или се сега присутни, така што сега можете да ги слушнете... можностите се неверојатни“, вели Калиган.

Кондо употребил некои од овие техники во музиката што ја составувал за неговата амбициозна соло-работа: „Легендата за Зелда: Окарина на времето“ од 1998 година.

Доколку сакате да слушнете музика во живо од Кондо, тогаш можете да погледнете во видеото подолу.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура