X
 10.10.2017 Култура

Не оставајте ги овие работи на службениот компјутер!


Девојка со смартфон и лаптоп
(Фото: Pixabay)


Откријте ги овие големи грешки што илјадници вработени ги прават секојдневно, а можат да им го загрозат достоинството, па и работно место.

Иако никаде експлицитно не пишува што смеете, а што не смеете да имате на службениот компјутер, вашиот работодавец можеби има некакви посебни правила. Задолжително информирајте се какви се правилата за личните податоци на службените компјутери.

На пример, да ја разгледаме ситуацијата каде што деловниот компјутер на еден полицаец бил земен како доказен материјал при судски процес. Тој на компјутерот имал неколку работни случаи, но и еден куп лични податоци, па освен што бил засрамен, тој и неговата служба изгубиле на кредибилитет.

За да избегнете вакви непријатни ситуации, треба да обрнете внимание на следните работи:

1.    Лични фотографии или видеозаписи


Советниците за кариера се согласуваат околу една работа, а тоа е дека работниот компјутер служи за работа. Секогаш е паметно да се издвојат личните податоци од работните. Со други зборови, банкарските податоци, здравствените документи или лични фотографии на службениот компјутер се многу лоша идеја зашто на работодавецот може да му испрати погрешна информација. Дополнително, ваквите активности можат да донесат и зголемена можност за компјутерски вируси.

Исто така, треба да знаете дека ако ја изгубите вашата работа, овие податоци ќе останат на компјутерот. Начелна практика на компаниите е после отказот вработениот веднаш да замине од работното место, што значи дека е многу веројатно да немате време да ги избришете сите вакви податоци, кои реално, не смееле да се најдат на работниот компјутер.

2.    Непристојни материјали

Што се однесува до службените компјутери и смартфони, единствена полоша работа од купишта лични фотографии е купишта непристојни фотографии. Затоа, едно правило мора да се почитува: службениот компјутер не е место за лични работи. Ова можеби звучи како очигледно, но би биле изненадени колку многу работници настрадале поради архивирање порнографски материјали на работните компјутери, без знаење дека се следени од ИТ-секторите.

3.    Видеоигри

Не постои реална причина зошто вработените би инсталирале видеоигри на своите работни компјутери. Тоа е очигледна лоша порака до нивните шефови. Плус, во некои случаи (како оние кога се инсталираат пиратски игри), компјутерот би можел да се зарази со spyware или со вируси.

4.    Сè што е поврзано со вашата друга работа


Сите информации за вашата дополнителна работа држете ги на својот личен компјутер, а не на службениот компјутер или смартфон.

Ако работите некаква друга дополнителна работа за која знае вашиот работодавец, јасно е дека сè ќе морате да архивирате на вашиот личен компјутер. Експертите ја напоменуваат ситуацијата во која вработениот случајно испратил погрешна содржина до својот шеф, кој случајно имал слично презиме како контактот од другото работно место, пишува „Бизнис инсајдер“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура