Поради негативните вести што ги слушаме последниов период, заборавивме дека може да се случуваат и убави работи. Една прекрасна приказна е поврзана со зоолошка градина во Велика Британија.
Пред неколку дена една зоолошка градина во Корнвол, наречена „Парадајз парк“, објави дека ќе биде затворена за јавноста поради ширењето на коронавирусот. Четири девојки што работат во зоолошката градина, Емили, Сара-Џејн, Изи и Лејла, се понудиле да се преселат во зоолошката градина и да живеат таму три месеци за да можат да се грижат за
животните.
Нивните колеги ќе продолжат повремено да доаѓаат, но четирите девојки целосно се преселиле во зоолошката градина.
Извор:
art-sheep.com