X
 13.10.2017 Култура

Дали постои балканска душа?


Две жени свртени кон море
(Фото: Thodoris Nikolaou)


Грчкиот фоторепортер Тодорис Николау последните три години ги поминал на Балканот обидувајќи се да одговори на прашањето дали постои балканска душа? Токму таков е и насловот на неговата изложба – „Во потрага по балканската душа“, за што пишуваше и „Њујорк тајмс“.

На фотографиите се наоѓаат и предели од Србија, главно рурални. „Сакав да ја објаснам душата на Балканот“, изјави Николау за „Њујорк тајмс“. „Ми се чини дека таа е мрачна кога си надвор од неа, но затоа е едноставна, топла и човечка кога ќе се распламти пламенот.“

Николау истакнува дека проектот првично почнал како психоанализа, но потоа почнал да се занимава со балканскиот идентитет. На своето патување поминал низ десет земји, истражувајќи го животот во главните градови, како Белград, Атина, Подгорица и Скопје, но бил и во планински села и во ромски гета.

„Патував низ Балканот повеќе од дваесет пати за да ја доловам реалноста“, изјави Николау. „Верувам дека појавите што ги фотографирав се заеднички за целиот полуостров.“

Тој во текстот за најголемото њујоршко списание ги опишува Балканците како многу гостопримливи и вели дека претпочитал да остане во руралните подрачја, каде што луѓето се ослободени од стресот на цивилизацијата.

Фотографиите се создадени од погреби, свадби и сведочат за интимни врски со луѓето што му ја отвориле својата порта на фоторепортерот и му дозволиле да живее заедно со нив.

„Верувам дека дури на Балканот, кој е уништен од војни, луѓето можат да живеат без граници. Доволно е само да погледнеме што нè обединува“, додава уметникот.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура