X
 26.01.2019 Живот

Ердоган гради најголема џамија на Балканот

Јасно е дека постои повеќе од една димензија на спорот за името помеѓу Грција и Македонија. Тука станува збор и за геополитички тензии помеѓу Западот и Русија, но тука е и непрекинатиот пристап на Турција кон Балканот. Тоа го прави и Ердоган, а прашање е колку би требало да го загрижува регионот или Европа.

Најдобар пример за тоа е и изградбата на најголемата џамија на Балканот, и тоа баш во Тирана.

Проектот напредува со голема брзина и треба да биде готов кон крајот на годината. Џамијата со име Намазга треба да стане голем верски центар што ќе може да прими повеќе од 5.000 луѓе во исто време. Во објектот ќе има библиотека, културен центар и конференциска сала. Освен што на ова место ќе може да се изучува Куранот, ќе може да се учи и турски јазик. Нема сомнение дека финансирањето на муслиманските училишта и организации, како и изградба на џамии, се дел од неоотоманската агенда на Ердоган.

Турскиот претседател на церемонијата на започнувањето на изградбата во 2015 година, идната џамија ја нарече „единствениот симбол на братството меѓу нашите две нации“. Џамијата можеби е лоцирана во Албанија, но архитектонски е слична на оние во Истанбул.

Во меѓувреме, во Косово, Турција финансира реставрација на десетици верски објекти од отоманскиот период и изградба на повеќе 20 џамии во изминативе неколку години. Се планира и уште една голема џамија слична на оваа во Тирана, да биде изградена во Приштина. Иницијативите како што се овие не се само симбол на религиозниот сензибилитет на Ердоган. Тие се во центарот на амбициозниот, долгорочен план за унапредување на улогата на Турција како шампион и заштитник на сите муслимани на Балканот, како и „сите браќа“ во остатокот од Европа.

Токму во тој контекст Ердоган ја отвори и новата џамија во Келн пред само неколку месеци.

Се поставува логично прашање, како Албанците и другите народи на Балканот и Европа ја гледаат и чувствуваат сѐ поголемата турска присутност во нивните земји, преку религијата. Дали е нешто со кое се согласуваат или се индиферентни? Или загрижени? И во контекст на сето тоа, како Грција и ЕУ како целина планираат да се постават наспроти турската политика.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот