X
 15.10.2017 Образование

Одлични (проверени) совети за успешно учење

учење

Начинот на кој пристапувате кон учењето може да влијае не само врз вашата конечна оценка туку, што е најважно, може да влијае и врз тоа колкав успех ќе имате во вашата професионална кариера.

Многу луѓе не ги искористуваат своите вистински потенцијали само затоа што не учат на правилен начин, па сметаат дека атрактивните и добро платените професии се премногу комплицирани или дека не се за нив.

Дали вие сте биле во слична ситуација? Дури и да не сте биле, важно е да сфатите дека со вистинскиот пристап кон учењето можете да совладате која било вештина и да станете што сакате - од успешен менаџер до баран ИТ-експерт.

Важно е да знаете дека учењето продолжува и после школувањето. За да напредувате, секогаш треба да бидете во чекор со најновите трендови, потребно е постојано да се усовршувате. Со правилно учење можете да постигнете резултати за кои сте мислеле дека ви се недостижни. Тоа особено се однесува на професии во индустријата на информатичката технологија каде што постојаното учење и усовршувањето на вештините е неопходност.

Уште од денес почнете да учите на вистинскиот начин. Ќе се изненадите колку совладувањето на материјалот е всушност лесен процес, кој со правилен пристап и тоа како се исплаќа. Ова се седумте проверени совети за успешно учење нови вештини.

Без оглед на годините и образованието, секој може да ги запомни и научи што сака, користејќи ги своите интелектуални способности.

1. Поставете си јасни цели

Размислете кои се вашите цели и што треба да направите за да ги реализирате. Што ви е потребно за да дојдете до вашата цел? Разделете ги целите на помали активности (чекори) и совладувајте една по една.

2. Обезбедете оптимални услови за учење

Изберете простор во кој ќе ви биде пријатно да учите и време кога најдобро впивате информации. Доколку учите со музика, изберете ја таа што ви е пријатна.

3. Размислете за „учење на далечина“


Ако одите на факултет, размислете за опцијата учење на далечина - преку интернет. Онлајн-учењето е флексибилно и ви дава слобода сами да организирате кога и каде ќе учите и сами да се организирате кога ќе работите задачи или тестови.

Користете различни ресурси при учењето - текстови, ПДФ-материјали, видеотуторијали, тестови, задачи, квизови, линкови за веб-страници, туторијали на „Јутјуб“ итн. На овој начин ќе учите брзо и лесно користејќи ги сите предности на модерниот пристап на учењето.

Поврзете се со колегите - разменете искуства за тоа како напредувате во учењето, кои знаења ви биле потребни за да изработите задачи и слично. Ќе имате чувство како да учите заедно без оглед на тоа што сите работите физички одделени. Истражувањата покажуваат дека учењето со колеги е доста важно во самостојното онлајн-учење.

Учењето на далечина е проверен метод на учење и усовршување во многу училишта, особено кога станува збор за ИТ-курсевите.

4. Планирајте го учењето


Истражувањата покажуваат дека учењето во интервали е поефикасно од долготрајното учење, без паузи. Секој ден издвојте време што ќе го посветите на учењето: ќе забележите дека ви оди полесно бидејќи се формира работна навика.

5. Почнете од полесниот материјал

Доколку не сте учеле одамна, можете да почувствувате отпор кон повторното учење. Тогаш е најдобро да почнете со лесниот материјал или со лекциите што ви се поинтересни. Со успешно совладување на материјалот ќе добиете самодоверба, па и мотивацијата ќе ви биде на повисоко ниво.

6. Кога морате да учите напамет, применете ја оваа стратегија


Кога постои доста материјал што треба да го научите напамет, добро би било материјалот да се распореди, а не да се учи наеднаш. Дури и учењето напамет е полесно доколку материјалот се разбере. Потешките и помалку интересните предмети треба да се учат на почеток, кога сме најодморени и свежи, токму поради тоа што сме склони кон тоа да ги избегнуваме.

7. Изолирајте се од работите што ви го одвлекуваат вниманието


Обезбедете си средина без работи што ќе ви го одвлечат вниманието - затворете ги останатите веб-страници и фокусирајте се на учењето и материјалот. Игнорирајте ги социјалните мрежи во текот на учењето. Ако е неопходно, исклучете го телефонот.

Правилниот пристап кон учењето ќе ви донесе успешна кариера

Доколку на вистински начин пристапите кон усвојување на новите знаења и вештини, можете да сметате на меѓународни дипломи и сертификати.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование