Предностите од играњето видеоигри често се занемаруваат. Најчесто тоа е затоа што фокусот се става на нивните негативни страни и опасности за децата. Меѓутоа, видеоигрите, кога се играат правилно, може да бидат добри за мозокот и да помогнат при учењето.
Видеоигрите ги подобруваат когнитивните способности
Една од предностите на видеоигрите е стимулацијата на мозокот. Додека играте, ставени сте во безброј различни виртуелни сценарија, а мора да следите насоки и да реагирате на проблеми. Овие сценарија бараат донесување одлуки во дел од секунда и решавање проблеми за кратко време.
Сето ова го подобрува работењето на мозокот и го подобрува брзото размислување и реагирање, но и ја зголемува креативноста. Освен тоа, се подобрува и вашата способност за препознавање и помнење објекти и простории околу вас, што може да се примени во реалноста.
Фото: Pixabay
Докажано е дека играњето ја подобрува метакогницијата, што значи дека ја подобрува способноста на размислување.
Игрите ги развиваат социјалните вештини
Голем дел од видеоигрите овозможуваат интеракција со други играчи кои често не се од истата држава. Често од вас се бара да соработувате со други играчи, а ова ја подобрува вашата способност за работа со други луѓе. Освен тоа, со играњето често се создаваат долготрајни пријателства.
Видеоигрите ги подобруваат дигиталните вештини
Во видеоигрите мора да се навикнете на нов, непознат дигитален свет, а тоа го правите интуитивно. Ова може да ви помогне во реалниот живот, но и да научите како да се соочите со дигитални пречки.
Извор:
Studomat
Насловна фотографија: Pixabay