X
 05.08.2017 Живот

Совети за долг и исполнет живот од 105-годишен експерт за долговечност

Експертот за долговечност и физичар д-р Шигеаки Хинохара почина минатиот месец на возраст од 105 години. Ова се неколку негови совети за долг и исполнет живот:


1. Јадете за да живеете, не живејте за да јадете
Хинохара за појадок пиел кафе, чаша млеко и малку сок од портокал со мала лажица маслиново масло во него. За ручек пиел млеко и јадел неколку колачиња, но ако имал време, бидејќи постојано бил зафатен и фокусиран на работата. За вечера зеленчук, риба, ориз и два пати неделно 100 грама месо.

2. План и распоред
Неговиот распоред бил секогаш исполнет. Тој вели: „Секогаш планирајте однапред“.

3. Мајка ми не беше во право
Барем кога се зборува за одењето во кревет и важноста на трите оброци дневно. Хонохара вели дека секогаш искачувал по две скалила наместо едно по едно, за размрдување на мускулите.

4. Забава над жалење
Наместо постојано да се жалите, разбудете го детето во себе и забавувајте се.

5. Размислете два пати за сè
Земете ги сите околности предвид и размислувајте пред да сторите или да кажете нешто.

6. Ослободете се од материјален товар
Не приврзувајте се за предмети, создавајте искуства.

7. Изберете некој на кој му се восхитувате
Во вашиот живот сигурно постои личност на која ѝ се воодушевувате. Следете го тој пример.

8. Најдете песна што ви зборува и оставете да ве води
Поезија, музичко дело. Читајте го или слушајте ја почесто. Оставете да ве води и да ве инспирира.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот